ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Шест помалку штетни алтернативи и опции за „поприродна руса“ коса

August 21, 2024 19:10
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Фото:  Paloma LaMadreInspirada /Unsplash

Фото: Paloma LaMadreInspirada /Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Според некои податоци, приближно 50 отсто од жените во светот, во просек, си ја бојадисуваат косата почнувајќи од 27-годишна возраст. Природната боја на коса доаѓа од два пигменти – еумеланин којшто преовладува кај луѓето со потемна боја на коса, и феомеланин, што дава црвени нијанси. Русата коса, пак, се јавува поради помала количина на пигмент, а белата, т.е. сивата коса – кога присуството на пигмент е значително намалено или воопшто го нема.

Фарбањето коса постои долго време. Старите Египќани, на пр. користеле боја на база на олово за потемнување на косата. А пак, денес голем број жени сакаат да си ја осветлат косата. Но, многу бои за коса содржат хемикалии коишто можат да бидат штетни или да предизвикаат иритации, алергии, губење коса, црвенило на скалпот, коњуктивитис, главоболки и други несакани последици, пишува „Н-1“.

Следат шест помалку штетни алтернативи и опции за „поприродна руса“, а негувана коса…

Камилицата е лековито растение што традиционално се користи и за природно осветлување на косата. Концептот е следен: Се вари чаша, или две – чај од камилица и се остава да се излади. Тоа потоа се нанесува на косата еднаш на ден и, по можност, се одбира посончево место за сушење. Повторете ја постапката неколкупати, сѐ до првите резултати.

Цимет и мед… Се меша лажица цимет со две лажици мед и се остава да отстои половина час. Ова „природно белило“ за косата се нанесува на влакното и треба да делува најмалку четири часа. Очекувајте посветла нијанса по неколку вакви третмани.

Со сода-бикарбоната (околу третина шолја за кафе) и малку топла вода се прави паста (можеби ќе треба повеќе ако се работи за подолга коса)… Откако ќе постигнете погуста смеса, таа се нанесува на косата и треба да делува околу 15 минути.

Потоа, влакното се мие со шампон и на крај се нанесува вообичаениот регенератор за коса. За подобри резултати сее користи и шампон којшто содржи сода-бикарбона.

Сокот од лимон е уште едно природно средство за посветла коса, а веројатно и најпознато од сиве овие. Лимонот делува така што се ползува високата количина киселина којашто, исто како и другите – ќе ги осветли влакната.

Употреба: Се меша лажица сок од лимон со околу два литра вода. Заради посилни ефекти на избелување, само се додава повеќе сок од лимон. Тоа треба да отстои до еден час, по можност – на Сонце. Потоа косата се плакне и постапката се повторува.

Јаболковиот оцет може да ѝ даде на косата посилен сјај, но и осветлувачка свежина. Употреба: Се меша половина чаша јаболков оцет со половина чаша дестилирана вода. Потоа се распрскува врз прамени коса. Се остава да делува околу половина час и потоа се мие.

И морската сол е одличен спој со Сонцето… И со топла домашна вода.

Се раствора лажица морска сол во отприлика половина чаша топла вода. Тоа се нанесува на косата, да делува околу 20 минути. Косата, потоа се плакне и суши.

Вообичаено, овие средства за осветлување на косата може да се комбинираат, заменат, и да се надополнуваат.

Важно: Имајте предвид дека резултатите може да се разликуваат и да варираат, бидејќи секое влакно е различно. И покрај природните состојки, сè уште се можни алергии, па доколку почувствувате некаква иритација, престанете со употребата на средството и веднаш темелно исплакнете ја косата и скалпот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: руса коса

НАЈНОВО

ПСЖ го потопи Интер во финалето на Лигата на шампионите

May 31, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Арсовска достави докази во ОЈО во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

May 31, 2025

Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли

May 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француска собарка – новиот симбол на политичкиот речник на ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk