ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Свечено отворање на летната сцена „Славиша Кајевски“ со „Црнила ремикс“

August 22, 2024 11:40
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“ ќе се случи на 17 септември со музичкото драмско дело/рап-перформансот, „Црнила ремикс“ со почеток во 21:00 часот, информираат од Македонски народен театар.

Режисер на ова современо читање на драмската класика „Црнила“ од Коле Чашуле, е Јордан Симонов кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад аголот” го поставија овој проект во современ.

Талентираната актерска екипа, односно организацијата која пренесува силни емоции преку прекрасни мелодии, рими и динамика, кои произведуваат своевидна хип-хоп опера ја сочинуваат: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски – колектив „Зад аголот“.

Ова оригинално сценско дело има настапувано на повеќе домашни и меѓународни фестивали меѓу кои и на „Егзит“, а за најдобра употреба на музика ја добива наградата на меѓународниот театарски фестивал за џез „Нишвил“ во Р Србија. Претставата е во продукција на МКЦ.

Во музичкиот дел од програмата, публиката ќе ја забавуваат: „Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд“, „Пијан Славеј“, „The Ringtones“, „LD Pistolero и Dj Goce feat. R.O.Ν.Ι.Ν“, како и други популарни домашни диџеи. Исто така ќе настапи и Националниот џез-оркестар, со изведби на композициите од „Битлси“.
Покрај изведбите на нашите претстави: „Мој термин“, „Кец на десетка“, „Не се клади на Енглези“, (со добро познатите актерски екипи), ќе гостуваат и претстави од другите театри од државата, како и стендапот „Широк дијафазон“ со Сашко Коцев. Комедијата „Вечера за глупаци“ во продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес ќе се одигра на 20 септември во 21:00 часот. Претставата е работена по текст на Франсис Вебер, во режија на Ненад Витанов, а играат: Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Талија Настова, Јордан Витанов, Кире Ацевски и Сандра Танчева. На 30 септември ќе се одигра и дипломската претстава од ФДУ – Скопје, „Сакатиот од Инишман“ од Мартин Мекдона, во која ќе играат: Михаил Велков, Наде Дојкоска, Ана Грамосли, Кире Ацевски, Филип Христовски, Гоце Андонов, Ана Јовановска, Виктор Мирчески, Ведран Чешарек и Катерина Јовановиќ од класата на проф. м-р Мими Таневска Србиновска и асс. м-р Ангелчо Илиевски.

Како што истакна в.д. директорот, Никола Кимовски, во првото негово ексклузивно интервју:

„Во последните десетина години, за жал, изгубивме многу наши колеги, значајни актери, сценски техничари, портири, но болката од загубата на нашиот Славчо остави длабока лузна кај голем дел од вработените во МНТ, бидејќи неговиот живот згасна прерано. Славиша Кајевски беше алката која ги поврзуваше сите сектори на театарот во една убава и хармонична целина и беше главниот мотор во секој проект независно дали имал мала или голема улога. Затоа оваа сцена го носи неговото име“. Во таа чест ја отвораме летната сцена, за една убава, опуштена и сплотена дружба, преточена во уметност, забава меѓу актерите, музичарите и публиката.

Официјалната програма е објавена на веб-страницата www.mnt.mk како и на социјалните мрежи. За отворањето на летната сцена и за сите наредни вечери, влезниците може да се купат онлајн или на билетарницата (која ќе биде отворена на 2 септември) во МНТ.
Сите настани се со почеток во 21:00 часот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Славиша Кајевски“летната сценаЦрнила ремикс
Next Post

(ВИДЕО) Трајчулески: Бегството на Блерим Рамадани е организирано од структури на МВР и вработени во институциите

НАЈНОВО

Лина Ѓорческа триумфираше на турнирот во романскиот град Слобозија ,

September 7, 2025

Фабриката „Винчини“ во Виница зафатена од пожар

September 6, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ на протест во Кочани: Бараат правда и брза судска одлука

September 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски и Дарио Панковски: На 13 Септември голем концерт во Паркот на франкофонијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Бујар Османи: Или сме во ЕУ, или стануваме дел од српско-рускиот свет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk