Според податоци на Обединети нации околу 90 отсто од вкупно 2,1 милиони жители на Појасот Газа се раселени по наредбите за евакуација, кои Израел ги издаде 12 пати само во август.
Војната во Појасот Газа почна на 7 октомври кога Хамас и други радикални групи го нападнаа Израел и убија околу 1.200 луѓе, од кои поголемиот број цивили, а зедоа околу 250 заложници. Околу 110 од нив сè уште се во заробеништво, а се претпоставува дека една третина веќе починале.
Во израелската офанзива, како одговор на нападот досега загинаа околу 40.000 Палестинци во Појасот Газа.