ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Премиерата на „Патување пеш“ oд Тамара Котевска ја воодушеви македонската публика

August 24, 2024 12:56
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На затворањето на 15-тото издание на „Македокс“, македонската публика имаше привилегија да биде дел од ексклузивната премиера на документарниот филм „Патување пеш“. Долгометражниот филм на македонската режисерка Тамара Котевска, кој веќе освои многубројни признанија на светската сцена, се врати дома за да пренесе силна порака на големото платно во автентичниот амбиент на Куршумли Ан.

Филмот, кој го следи патувањето на Амал – џиновската кукла висока 3,5 метри, симбол на милионите бегалци кои ги напуштаат своите домови во потрага по безбедност, ги допре срцата на македонската публика. Преку приказната за Амал, млада бегалка која патува преку сириската граница во Турција и низ Европа, режисерката Тамара Котевска нè потсетува на кревкоста на детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза.

По премиерата публиката имаше можност да им поставува прашања за филмот и креативниот процес на продуцентите, монтажерот и композиторот. Режисерката за жал не присуствуваше но, од сетот на снимањето на својот нов филм во Сибир, ѝ се обрати на публиката со видео порака.

„Јас лично бев многу интимно мотивирана да го направам овој филм баш поради тоа што потекнувам од земја каде што бегалците се невидливи и тоа сите ние го знаеме и го сведочиме. И тоа што го видов од овој проект е дека ние не смееме да останеме слепи за овој проблем. Многу ми е мило што овој филм е гласот кој се надевам ќе ја разбуди македонската публика да сфати дека бегалците не се невидливи, тие постојат насекаде околу нас. Ова е сериозен проблем кој допрва ќе станува проблем на светско ниво, И ние можеме многу да направиме на таа тема, секој од нас посебно “, рече Тамара Котевска во видео-обраќањето.

Следеше концертот на македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев, чии виртуозни композиции го дополнија филмот со посебна емоција. Концертот имаше уникатен концепт со нарација на дел од бегалските приказни од актерката Верица Недеска, а композиторот го сподели и  својот личен креативен пат во создавањето на музиката за „Патување пеш“. Концертот беше овозможен како резултат на соработката со УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, која работи за заштита на бегалците насекаде во светот.

Македонски ко-продуцент на филмот е ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенција за филм.

„Оваа премиера беше од исклучителна важност за нас како продукција. Видовме како македонската публика реагираше на оваа приказна, и таа реакција е најголемата потврда дека сме успеале да допреме до луѓето. Емоциите, солзите и аплаузите по проекцијата се доказ дека филмот носи силна порака која ја разбуди свеста кај нашите сограѓани за проблемите со кои се соочуваат бегалците низ целиот свет.“ изјави Илија Тирицовски,  еден од македонските продуценти.

„Овој филм е наш мал акт на солидарност со бегалците низ целиот свет.“ – велат од ОХО Продукција.

Премиерата на „Патување пеш“ не беше само уште една проекција, туку вистински културен настан кој ги обедини филмот и музиката во единствено искуство и ја воодушеви публиката.

Филмот „Патување пеш“ веќе го има своето место во историјата на македонската кинематографија, како дел од новиот бран на документарни остварувања кои се фокусираат на човечките приказни и социјалните теми. Котевска, која го освои светот со „Медена земја“, уште еднаш покажа дека има редок талент за раскажување на приказни кои се од глобално значење, но истовремено длабоко лични и емотивни.

„Патување пеш“  ќе игра во кино салите низ Македонија од октомври, а до крајот на оваа година ќе биде дел од светските фестивали во Фолкстоун, Токио, Албервил и Лондон.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Македокс“Патување пешТамара Котевска

НАЈНОВО

Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

June 6, 2025

Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

June 6, 2025

Синер го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk