– Денес во Владата, Мицкоски и Муртезани во целост го потврдија, а на 16 септември и ќе го потпишат, Планот за раст кој беше подготвен од Владата на СДСМ. Без да изменат речиси ништо во тој план, тие ја призна добро сработената работа и спроведената Реформска агенда од страна на СДСМ, реагира во објава на социјалните мрежи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
„Ниту едно ветување на Мицкоски кое тој ревносно го повторуваше не успеа да го реализира. Напротив. Мицкоски го прифати целосно Коридорот 8 и одеднаш проектот не завршувал како тунел во планина. Сега тој проект е добар. Мицкоски се согласил и дека нема да се распуштаат Советите за судии и јавни обивнители, иако со денови во јавноста кажуваше дека ќе го направи тоа. Јасно е дека ниту ЕУ, ниту било која меѓународна институција, не дозволува политичко мешање во изборот, кое очигледно беше цел на Мицкоски. Сметам дека чесно ќе беше ова да го признае пред граѓаните отколку да се измислуваат спинови и паравани за нерелзираните ветувања. Но, тоа говори за него и неговиот начин како ја разбира политиката. Нема простор за импровизации, ниту пак за лажни ветувања и поигрување со емоциите на граѓаните кога се во прашање стратешките цели на државата и ЕУ интеграциите“, истакна Филипче.
Нацрт реформската агенда за периодот 2024 – 2027 денеска беше презентирана од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани на заедничка прес – конеференција во медиа центарот на Владата.
J. Ѓ.
Поврзано:
Владата ја презентираше Нацрт реформската агенда за периодот 2024 – 2027 година