ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Патници на крстарење околу светот „заглавени“ во Белфаст веќе три месеци

August 30, 2024 15:10
in ДЕНЕС, СВЕТ

Патници кои платиле за тригодишно крстарење околу светот веќе три месеци се „заглавени“ во Белфаст, Северна Ирска, па овој град практично стана нивен нов дом.

Крстосувачот „Одисеја“, управуван од „Вила Ви резиденс“, пристигна на островот Квинс кај Белфаст за последните подготовки пред да тргне на првиот дел од патувањето. Бродот требаше да отплови на 30 мај, но сѐ уште е на почетната точка, поради проблеми со кормилото и менувачот. Меѓу патниците е и Холи Хенеси од Флорида (САД), на која во кабината друштво ѝ прави мачката Капетан. Како и другите патници, таа може да го мине денот на бродот за крстарење, но навечер мора да си замине.

– Во текот на денот можеме да останеме на овој крстосувач – со сите обезбедени поволности. Може да јадеме, гледаме филмови и да се забавуваме – да правиме сѐ што е планирано за на крстарењето, рече таа.

Иако ужива во глетката, често дождливото време на северниот Атлантик за неа е шок.

– Никогаш во животот не сум морала толку често да користам чадор, а и кабаница носам каде и да одам, додаде Хенеси.

На патниците им беше понудено да изнајмат кабина наместо да плаќаат дневна цена за хотел. Ова им овозможува да останат на бродот.

Првичната цена за крстосувањето била 99.999 до 899.000 долари, во зависност од кабината што се изнајмува. Организаторите на крстарењето тврдат дека прават сѐ за да го надоместат изгубеното време и „да ја намалат тензијата“ меѓу патниците, со алернативни патувања, сместувања и други понуди. Дел од патниците веќе искористија таква понуда и отпатуваа во Шпанија, Англија и Гренланд.

Сепак, според последните податоци, бродот за крстарење треба да исплови до крајот на следната недела.

Tags: Белфастзаглавеникрстарењепатници
Next Post

Базел ќе биде домаќин на Евровизија во 2025 година

НАЈНОВО

Никола Бадев, бардот на македонската народна песна – Момите лудувале по него и по неговиот кадифен глас

August 9, 2025

Локални избори- шанса за поправен испит за нашата зрелост како нација и држава

August 9, 2025

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

August 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Халкидики се удави 75-годишна македонска државјанка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е „Сторм-1516“- групата за дезинформации поврзана со Кремљ која стои зад руските лажни наративи што ја преплавуваат Европа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk