ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Синдикална организација при МАНУ: Дали е лицемерна реакцијата на раководството на МАНУ ќе оставиме да оцени јавноста

September 5, 2024 11:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Реакција на Синдикалната организација при МАНУ на соопштението на раководството на Академијата по заедничката прес-конференција со УПОЗ

– За жал, реакцијата на раководството на МАНУ е секогаш иста – барање трпеливост и префрлување на одговорноста за решавање на егзистенцијалното прашање на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на оваа институција на другите структури на државата, иако ова прашање за своите вработени го решија сите научни и високообразовни установи во државата освен највисоката научна и уметничка установа од посебен интерес за Републиката, реагираат во соопштение до медиумите од Синдикална организација при МАНУ.

„Дали е лицемерна реакцијата на раководството на МАНУ ќе оставиме да оцени јавноста откако ќе го увиди соодносот на академската награда (редовен месечен надоместок кој им следува на академиците и покрај нивните редовни месечни примања по основ на плата и пензија, во зависност од тоа дали се во работен однос или го имаат остварено правото на пензија) во последните десетина години пред донесувањето на Законот за МАНУ со кои се регулирани платите („Службен весник на РМ“ бр. 5/2009) наспроти висината на последните исплати.

Затоа, денеска, за таа цел, Синдикалната организација при МАНУ ќе упати барање до МАНУ за доставување информации од јавен карактер во однос на висината на академската награда, која не е утврдена со Законот за МАНУ, и висината на платите на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ, со средно и со високо образование, и во организационите единици при МАНУ, за наведениот период. Бараните податоци јавно ќе ги објавиме, а во случај на нивно недоставување, Синдикалната организација при МАНУ ќе спроведе постапка во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Истовремено, посочуваме дека МАНУ, и покрај организираниот штрајк на службите, овие податоци може да ги обезбеди од Министерството за финансии, така што очекуваме дека нема да се попречи проследувањето на оваа информација до јавноста, од која ќе станат појасни многу работи и ќе се оневозможи натамошно манипулирање со неа и со структурите во државата.

Во јавноста особено одекна информацијата за недоличното однесување (пцости, навреди и уцени) на некои академици кон вработените кои го остваруваат своето право на штрајк, што е разбирливо со оглед на нивниот статус во општеството. За да се избегне генерализирање на работите, уште еднаш напоменуваме дека станува збор за мал број академици кои манифестираа нетрпеливост уште на првиот ден од штрајкот иако истите тие повеќе од две години повикуваат на трпеливост на вработените за решавање на ова прашање. Но, во овој момент не би ги обелоденувале нивните имиња имајќи предвид дека, по одржаната прес-конференција, истите академици се повлекоа од своето некоректно однесување барем засега.

Ве информираме дека тековно ќе ја запознаваме јавноста за состојбите во МАНУ“, се наведува во соопштението од Синдикалната организација при МАНУ .

Tags: МАНУСиндикална организација
Next Post

Пристигна новиот евроамбасадор Микалис Рокас, Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk