ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„МАКЕДОНИСИМО“ на Трпчески и пријателите во Делчево

September 6, 2024 09:31
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

По трите концерти на отворањето на сезоната на Симфонискиот оркестар на Дизелдорф, каде под диригентската палка на британскиот маестро Алпеш Чауан учествува во изведбата на Концертот за пијано и оркестар број 2 од Рахманинов, познатиот македонски пијанист Симон Трпчески се враќа дома за уште еден настап со интернационалниот музички проект „МАКЕДОНИСИМО“, информира Здружението за култура и уметност „КултурОп“.

По струшкото село Збажди, Скопје, Штип, Битола и село Секирник, Босилово, Струмица, Трпчески и пријателите и пред публиката во Делчево ќе го изведат албумот „МАКЕДОНИСИМО“ што во издание на британската етикета „Лин Рекордс“ го обиколи светот.  Тоа е проект во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор Панде Шахов, кој, како што вели Трпчески, „со својот посебен музички јазик ја обои на многу поинаков начин, испреплетувајќи со нашата традиционална музика различни музички стилови“.

Уникатниот тим на „МАКЕДОНИСИМО КВИНТЕТОТ“ и на овој  концерт, што ќе се одржи на летната сцена во Градскиот парк во Делчево, вечер со почеток во 20 часот, го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев, кој е роден токму во Делчево.

Концертот, во организација на Општина Делчево во соработка со „КултурОп“, се одржува во чест на 80-годишнината од ослободувањето на градот и како и сите досегашни изведби на отворено, публиката ќе може да го проследи бесплатно. 

Tags: ДелчевоМАКЕДОНИСИМОТрпчевски
Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Гаши приредува свечен прием во Собранието по повод Денот на независноста - 8 Септември

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk