Северноатланската алијанса НАТО упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста.
Преку објава на платформата X, НАТО Алијансата повикува на придружување во славењето на Денот на независноста, на како што велат „нашиот сојузник Северна Македонија“.
Retweet to join us in celebrating our Ally 🇲🇰 North Macedonia on their Independence Day!#WeAreNATO 🤝 @MKmissionNATO pic.twitter.com/eH3gqa3qBK
— NATO (@NATO) September 8, 2024
Делагцијата на Европската Унија упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста.
– Честитки до сите граѓани на Северна Македонија по повод Денот на независноста!, стои во објавата на платформата Х на Делагцијата на Европската Унија.
Best wishes to all citizens of North Macedonia 🇲🇰 on the occasion of Independence Day!
Честитки до сите граѓани на Северна Македонија 🇲🇰 по повод Ден на независност!
Urimet më të mira për të gjithë qytetarët e Maqedonisë së Veriut 🇲🇰 me rastin e Ditës së Pavarësisë! pic.twitter.com/aYBTmzICZr— EU Delegation to North Macedonia (@AmbassadorEU) September 8, 2024
Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер упати честитка по повод Денот на независноста на земјава – 8 Септември.
Во видео обраќањето кое го објави Амбасадата на САД во Скопје, Агелер вели „на овој посебен ден се придружуваме на Северна Македонија и на сите вас во прославата на вашата независност и вашите динамични и разновидни заедници“.
🇲🇰 Честит 8-ми Септември, Денот на независноста! Gëzuar 8 Shtatori, Dita e pavarësisë! The United States proudly stands alongside you, reflecting on our strong partnership and decades of cooperation. 🇲🇰🤝🇺🇸 pic.twitter.com/n65qJDfXXI
— U.S. Embassy North Macedonia (@USEmbassySkopje) September 8, 2024
Честитка по повод Денот на независноста 8 Септември упати и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
-Американскиот народ и народот на Северна Македонија споделуваат посветеност на демократските вредности. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата заедничка работа за промовирање на тие вредности, зајакнување на безбедноста и стабилноста и продлабочување на економските врски во регионот. САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник, Северна Македонија на нејзиниот европски пат во годините што следат, се вели во честитката од Блинкен.
Во име на Соединетите Американски Држави, Блинкен упатува честитка по повод 33 години од независноста и историскиот избор на прва жена претседател во мај.
-Го цениме нашето силно партнерство со Северна Македонија фокусирано на градење на просперитетна демократија закотвена во евроатлантската заедница, стои во честитката од Блинкен.
Германската амбасадорка Петра Дрекслер упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста.
Happy Independence Day and congratulations to all citizens of 🇲🇰
Честит Ден на независноста и честитки до сите граѓани на 🇲🇰
Gëzuar Ditën e Pavarësisë dhe urime të gjithë qytetarëve të 🇲🇰 pic.twitter.com/bi1wztPwI3
— Petra Drexler, Ambassador (@GermanAmbSkopje) September 8, 2024
– Честит Ден на независноста и честитки до сите граѓани на Северна Македонија, објави Дрекслер на платформата Х.
Француската амбасада упати честитка по повод 8 Септември
„Амбасадорот на Франција учествуваше на свеченостите по повод 33-годишнината од независноста, со кои претседаваше Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Многу повеќе од обична прослава, овој ден го симболизира патот што го помина и предизвиците што ги надмина Северна Македонија во овие 33 години. Среќен Ден на независноста!“, објавија на социјалните мрежи од француската амбасада.
Британската амбасада во Скопје го честиташе Денот на независноста на Република Северна Македонија.
– Честит Ден на независност! Ми претставува особена чест што испративме писмо од Неговото Величество, Кралот Чарлс Трети, до претседателката Гордана Сиљановска Давкова, за да го честитаме празникот на сите граѓани и да го потврдиме блиското пријателство помеѓу државите, истакнал британскиот амбасадор, Метју Лосон.
По повод одбележувањето на Денот на независноста, Ендру Бренд, претставник на Британската амбасада положи венци во знак на почит пред вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски, првиот претседател на македонската Влада Никола Кљусев како и пред Споменикот на паднатите борци од НОБ.
Украинската амбасада во земјава упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста.
– Честит Ден на Независноста на Северна Македонија! Украина посакува просперитет, благосостојба и успешен европски пат! Високо ја цениме поддршката и помошта на Република Северна Македонија, напиша на платформата Х, украинската амбасадорка Лариса Дир.
Честит Ден на Независноста на 🇲🇰!
🇺🇦 посакува просперитет, благосостојба и успешен европски пат!
Високо ја цениме поддршката и помошта на Република Северна Македонија 🇺🇦🤝🇲🇰 pic.twitter.com/APoJxfPe4C— Larysa Dir (@dir_larysa) September 8, 2024
Руската амбасада во земјава упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста.
На овој значаен ден пред 33 години македонските граѓани се определија за сувереноста и самостојноста на државата. Посакуваме овие принципи, кои ги оттогаш симболизира историскиот датум 8 Септември, да бидат и понатаму патоказ за македонскиот народ. Нека ви е честит Денот на независноста!, се вели во честитката објавена на Фејсбук страницата на Руската амбасада во Скопје и платформата Х.
Ј. Ѓ.