Во кафе-книжарница „Буква”, вечерва, (11 септември), со почеток во 20 часот, ќе започне првата синесеанса од проектот „Рани трудови” на Филип Херин и Јане Алтипармаков.
„Рани трудови“ е проект за промоција на филмските режисери од Македонија. Сезоната есен-зима 2024/25, Филип Херин и Јане Алтипармаков на гости ќе имаат колеги режисери со кои преку прокции на студентски кратки играни и документарни форми ќе пробаат да навлезат во светот на македонските филмски автори, а на пошироката публиката да и ги демистифицираат естетските и етичките пристапи кон филмот преку биографијата на соговорниците. Првата синесеанса Јане и Филип ќе ја отворат демистифицирајќи се самите себе со проекција на нивните студентски кратки филмови.