Од фракцијата на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците денеска информираа дека Апелациониот суд во Гостивар го вратил на повторно судење предметот за печатите на партијата.
– Апелациониот суд го враќа предметот на повторно судење по претходната одлука донесена од Основниот суд Тетово, каде што се одолговлекуваше и се менуваа неколку судии додека не се донесе скандалозната одлука под притисок на поранешниот министер за правда Кренар Лога, партиските печати да и припаднат на фракцијата што и се придружи на ДУИ. Имајќи ги предвид доказите депонирани во Апелациониот суд во Гостивар, се очекува конечната одлука да биде во наша корист и партијата заедно со печатите да остане кај нејзиниот легитимен претседател Арбен Таравари, се вели во соопштението.
Потпретседателот од спротивниот табор, Кренар Лога, вели, Таравари не го добил прдметот.
И по притисокот на Таравар и неговиот газда, тој не го добил предметот за „печатите на АА“. Предметот за легитимноста на Алијансата за Албанците се вратил на повторно судење во Основниот суд во Тетово. АУМ – Алијанса за услуги на Мицкоски би било во право да се нарече новиот субјект по разделбата од нашата партија. 100 дена владеење со ВМРО-ДПМНЕ се докажала квислиншката активност во секоја секунда. И во Апелациониот суд во Гостивар сменета е судијката, ама… нема врска друже, не спомнувај бидејќи во наша корист е, истакнува во соопштение Кренар Лога, Потпредседател на АА