Приказната за ресторанот „The Bear“ освои три од четирите категории за комедии на наградите „Еми“, но Jean Smart ја освои третата награда за улогата на комичарка во „Hacks“, објавија американските медиуми.
Jeremy Allen White и Ebon Moss-Bachrach ги освоија своите втори последователни „Еми“ награди за најдобар актер во комедија и споредна машка улога.
-Ова шоу го промени мојот живот и ми даде верба дека промената е можна, рече White додека ја примаше наградата на сцената во театарот „Peacock“ во центарот на Лос Анџелес.
И двајцата ги добија истите награди на претходните „Еми“, кои се одржаа во јануари, откако штрајкот во Холивуд ги спречи да продолжат.
Liza Colón-Zayas освои изненадувачка трета „Еми“ за „The Bear“, за најдобра споредна женска улога во комедија.
Серијата „Shogun“ во продукција на HBO освои најдобра драмска серија на „Еми“. Серијата освои најмногу награди – 18.
Меѓу нив се и наградите за најдобра актерка и најдобар актер, кои отидоа во рацете на Anna Sawai и Hiroyuki Sanada.
Серијата „Baby Reindeer“ е уште еден победник на вечерта во категоријата ТВ-проект „ограничена серија“.
Публиката и даде овации на Jean Smart откако ја доби третата награда „Еми“ за улогата на седумдесетгодишната комичарка Deborah Vance на „Hacks“.
-Го ценам тоа затоа што едноставно не добивам доволно внимание, се пошегува таа на сцената.
Серијата освои и четврта награда, која ја прими нејзиниот творец Christopher Storer.
Наградите за драма започнаа со награда за најдобра споредна женска улога во драма за Австралијанката Elizabeth Debicki, за нејзината улога во „The Crown“.
Billy Crudup доби „Еми“ за извонредна споредна машка улога во драма за неговата улога како шемаџија во „The Morning Show“.
Добитниците на наградите „Еми“ се избираат со гласање на речиси 22.000 изведувачи, режисери, продуценти и други членови на Холивудската телевизиска академија.