Социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) стана достапна за многу корисници во Бразил, откако надградбата на комуникациската мрежа на платформата ја заобиколи блокадата наредена од Врховниот суд на земјата.
Надградбата на Х ја користи услугата на Cloudflare, што овозможи некои корисници во Бразил да поминат рута надвор од Бразил и да добијат пристапат до платформата и без (виртуелно приватна мрежа) VPN.
Врховниот суд претходно нареди блокирање на платформата по конфликт меѓу Илон Маск и бразилската правосудна власт.