ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Танец“ на турнеја во регионот, ќе има концерти во Подгорица, Љубљана, Загреб и Бања Лука

September 19, 2024 09:53
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Танец

Фото: Танец

Под мотото „Танец  – 75 години македонски код“, Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ од денеска ќе биде на балканска турнеја со четири концерти.

„Танец“ утре (20 септември) ќе настапи во КИЦ „Будо Томовиќ“ во Подгорица, в недела (22 септември) во „Цанкарјев дом“ во Љубљана, во вторник (24 септември) ќе гостува на сцената во „Ватрослав Лисински“ во Загреб и идниот петок (27 септември) во салата „Борик“ во Бања Лука.

-Публиката во регионот секогаш знаела да ја цени извонредноста на „Танец“ и со сигурност нестрпливо ги очекува овие уникатни музичко-сценски спектакли, што секогаш ги премостуваат културните разлики и сведочат за обединувачката моќ на раскошниот македонски музички фолклор, соопшти прес-службата на ансамблот.

Оттаму информираат дека на концертите ќе биде изведена раскошна музичко-сценска програма од различни периоди на ансамблот, во која ќе бидат одиграни изворните ора „Тешкото“, „Женско Чамче“ и „Копачка“, како и дел од богатиот кореографски опус на „Танец“ – спектакуларните кореографии „Жетварка“, „Мариовска тресеница“, „Малешевка“ и „Радовишки собор“.

-Секако, нема да изостане и богатата вокално-инструментална програма на оркестарот и хорот на „Танец“, заедно со првенката Сузана Спасовска, кои за публиката ќе исполнат повеќе антологиски песни од богатата ризница на македонскиот народ, како безвременските „Да сум бистра вода“, „Девојче, девојче“, „Седна баба да вечера“, „Лено, ле, Лено“, „Кирјана вино продава“, „Море сокол пие вода на Вардарот“ и многу други, се наведува во соопштението.

Турнејата е во рамките на јубилејната година на ансамблот, кога се прославува 75-годишнината од неговото основање. Како и останатите концерти во сезоната, турнејата ќе се реализира под мотото „Танец  – 75 години македонски код“

Ансамблот „Танец“ е основан во март 1949 година во Скопје и претставува еден од најважните столбови на македонската култура и традиција. Во изминатите седум и пол децении „Танец“ има настапувано на најпрестижните сцени низ цел свет, со повеќе од 5000 концерти.

Tags: Танец
Next Post

ВЛЕН: Институциите да лоцираат одговорност за коруптивниот закуп на Лотарија

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk