Најмалку 22 лица загинаа во израелски напад врз поранешна училишна зграда во градот Газа, соопштија денеска палестинските власти, пренесува МИА.
Најмалку 30 луѓе се повредени, меѓу кои жени и деца, соопшти здравствената управа во Газа. Се вели дека раселени луѓе биле засолнети во зградата.
Израелската армија соопшти дека цел била командниот центар на Хамас, наводно вграден во зградата.