ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Промовирана „Патека на славните“ во Битола, првите ѕвезди за браќата Манаки

September 22, 2024 17:20
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Битола попладнево е промовирана Патеката на славните. Ѕвездите со впишаните имиња на браќата Манаки се поставени пред киното „Манаки“ и заедно со останатите ѕвезди, вкупно 18, се вдолж Широк сокак до Офицерскиот дом.

На промоцијата присутни се градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамески и Милтон Манаки, внук на првите сниматели на Балканот, браќата Милтон и Јанаки Манаки.

Директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамески во изјава за МИА истакна дека само еден град во светот има ѕвезди на лица кои од различни аспекти дале придонес во филмската професија, но дека не постои град во светот каде има ѕвезди на кинематографери, но дека од денеска тоа е градот Битола.

– Ние сме најстариот фестивал во светот каде се чествуваат кинематограферите. Каде, на кое место, ако не тука, да почнеме ваква работа! Има повеќе причини зошто го правиме ова. Првата е дека само осумнаесет од нашите бивши добитници на наградата за животно дело се живи, а од нив 14 се постари од 80 години, и ако не го направиме ова додека се живи, нема да ги видиме на 50. годишнина на фестивалот. Сите ќе ги поканиме, ќе дојдат во Битола и сите ќе бидат на едно место, изјави Дамески.

На „Патеката на славните“ освен ѕвездите на браќата Манаки се и ѕвездите на Питер Бижу, Роби Милер, Џон Сели, Сер Роџер Дикинс, Крис Менгес, Кристијан Бергер, Валтер Карваљо, Данте Спиноти, Ентони Дод Ментл, Ед Лахман, Ричард Ленжевски, Хозе Луис Алкањ, Били Вилијамс, Свен Никвист и Бруно Далбонел.

– Со оваа „Патека на славните“ на најубав начин успеавме да ги свртиме очите на филмската уметност, на индустријата во светот кон Битола. Сакаме да гледаат што тука се прави и сите да зборуваат за тоа. За овој настан во моментов пишуваат пет-шест најголеми светски списанија како што се „Бритиш синематографер“, „Американ синематографер“, „Камералајтс мега“ за шпанското говорно подрачје, „Медија вижн“ и други списнија во кои веќе се промовира Битола, се промовира нашата земја како место во кое што се случуваат големи филмски работи. И, конечно, овој проект носи нови туристи, перспективи за фестивалот и други привилегии, вели Мони Дамески во МИА.

Во Битола попладнево е промовирана Патеката на славните. Ѕвездите со впишаните имиња на браќата Манаки се поставени пред киното „Манаки“ и заедно со останатите ѕвезди, вкупно 18, се вдолж Шир

Благодарност за идејата и реализацијата на проектот искажаа Милтон Манаки, кој ги откри ѕвездите на своите прадедовци Милтон и Јанаки Манаки, и градоначалникот Тони Коњановски кој го поддржа проектот на фестивалот.

Tags: Фото: МИА
Next Post

Фелер го сака Клоп за наследник на Нагелсман

НАЈНОВО

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Заклучоци од Самитот на ЕУ: Конкурентност, поедноставување и избалансирани транзиции

October 23, 2025

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk