ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ансамблот „Танец“ ја реализираше концертна турнеја во Подгорица, Љубљана и Загреб

September 27, 2024 11:44
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Танец

Фото: Танец

Share on FacebookShare on Twitter

Ансамблот „Танец“ ја реализираше својата концертна турнеја во главните градови на Црна Гора, Словенија и Хрватска и уште еднаш потврди зошто 75 години е амблем на македонската култура, синоним за извонредност во регионот, како и автохтон македонски код втиснат во светската културна меморија.

Македонскиот државен ансамбл за народни игри и песни Танец, со успех, проследен со громогласни аплаузи по секој концерт, ја заврши својата концертна турнеја низ три главни градови на Балканот, одушевувајќи ја публиката во Подгорица (Црна Гора), Љубљана (Словенија) и Загреб (Хрватска). Ансамблот Танец, познат по својата богата традиција на меѓународни претставувања на македонскиот музичко-сценски фолклор, повторно остави неизбришлива трага низ Балканот, обединувајќи ги луѓето и славејќи го македонското наследство, како драгоцен дел од културно наследство на регионот и светот.

 

Ансамблот настапи во престижни сали, во салата на Културно-информативниот центар „Будо Томовиќ“ во Подгорица (20.9.2024), „Цанкарјевиот дом“ во Љубљана (22.9.2024) и во „Ватрослав Лисински“ во Загреб (24.9.2024), при што секоја изведба беше поздравена со громогласни ракоплескања и стоечки овации. Публиката беше почестена со разновиден репертоар кој ги прикажуваше уникатните сложените ритмови, моќните изворни гласови кои на автентичен начин ги донесоа македонските напеви од постарата и поновата традиција на македонскиот народ, а со своите неповторливи орски игри, на сеопфатен и извонреден начин, играорците ги презентирааа богатствата на македонскиот народ, кои Ансамблот ги негува на свој единствен начин, препознатлив насекаде низ светот. На најубав и најрепрезентативен начин уште еднаш се покажа дека промоцијата на вистинските вредности низ фолклорните добра е најдобрата дипломатија за меѓусебно разбирање на народите, државите, културите и дека најголемите пораки се пренесуваат наједноставно, преку универзалниот јазик на музиката и уметноста.

На концертите во Подгорица, Љубљана и Загреб беше изведена богата музичко-сценска програма од различни периоди на ансамблот, во која беа неизоставно застапени изворни ора – „Тешкото“, „Женско чамче“ и „Копачка“ – уникатното оро од село Драмче, кое се наоѓа на репрезентативната листа на УНЕСКО за заштита на светското нематеријално културно наследство на човештвото. Исто така, беа изведени и четири кореографии –  „Жетварка“, „Мариовска тресеница“, „Малешевка“ и „Радовишки собор“, како и неколку сплетови од вокали и вокално-инструментални бисери, во исполнение на оркестарот и хорот на Танец, со првенката Сузана Спасовска. Нашиот ансамбл, речиси на секој концерт имаше уникатна можност, заедно, во еден глас да ги пее со публиката антологиски песни „Да сум бистра вода“, „Седна баба да вечера“, „Кирјана вино продава“, „Море сокол пие“, „Македонско девојче“ и многу други. После секој концерт, без исклучок, ечеа долги, френетични и секако заслужени аплаузи за нашите уметници, коишто на врвно ниво и на маестрален начин презентираа тешка програма, за којашто, веруваме ќе се говори уште долго. А меѓу бројната публика, на концертите на нашиот ансамбл присуствуваа македонските амбасадори во Црна Гора, Словенија и Хрватска, претставници од дипломатскиот кор, раководствата на тамошните фолклорни ансамбли и институции од областа на културата, како и многу други видни гости од регионот. Секако, најбројна и најзадоволна беше верната публика на Танец, која го следи овој наш најстар и единствен од тој вид ансамбл, сите овие 75 години од неговото постоење.

За жал, иако во агендата на оваа балканска турнеја на Танец беше предвиден и целовечерен концерт во Бања Лука – Босна и Херцеговина, заради непредвидени технички причини, концертот не можеше да се одржи и беше откажан.

Фото: „Танец“

Tags: Танец
Next Post
Охрид Фото: Јане Ѓорѓиоски / Фронтлајн

„Фронт 21/42“: 17 граѓански организации бараат итно спроведување на меѓународното законодавство за законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk