Австралиската пливачка ѕвезда Кејли Мекион го собори светскиот рекорд на 100 метри грбно во 25 метарски базени на националното првенство во Аделаида.
МекКион синоќа ја исплива патеката во време на нов светски рекорд на 100 метри грбно со време од 54,56 секунди.
По Олимпијадата во Париз, на која освои злато на 100 и 200 метри, 23-годишната Мекион рече дека и е досадно да седи дома и ќе се пријави за националните првенства во Аделаида.
„Ми се вртеше малку додека седев дома, па пред две недели одлучив повторно да скокнам во базенот. Не се подготвував посебно, само малку го засилив тренингот и очигледно ми се исплатеше“, изјави Мекион.