Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) на покана на JWF – фондацијата учествуваше на конференција организирана на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, САД.
На конференцијата се обработуваа теми, проекти за постигнување на целите за одржлив развој дефинирани од Обединетите нации.
– Членот на Управниот одбор на ШФМ, Зоран Стојчевски го презентираше проектот „Шах во училиштата“ имплементиран во Македонија, започнат од 2022 година, како пример за применување на добрите практики и иницијативи за постигнување на овие цели. Половата еднаквост, социјална кохезија, социјална интеграција, борба против сите видови на дискриминација и зависности и пред се развој на младите личности се клучните придобивки од овој проект, соопшти ШФМ.
На конференцијата учествуваа повеќе од 100 учесници со свои предавања и проекти од целиот свет.