На крајот од Модната недела во Париз, и Зендеја се појави пред музејот „Лувр“, на ревијата на „Луј Витон“ посветена на пролетта 2025 година, па според многумина, имаше една од најинтересните комбинации. Во истовреме, таа го најави враќањето на модата со „балон-здолниште“ од почетокот на ова илјадалетие.
Нејзиниот изглед беше стилизиран од „Лоу Роч“ (Law Roach), а таа беше во јакна од 80-тите со раменици и здолниште со обем. Токму ова парче, се чини, се враќа „на голема врата“, бидејќи последно време го носеа и други познати дами.
oh my god zendaya. pic.twitter.com/IejODhWNJH
— archive zendaya ☆ (@archivedaya) October 1, 2024
Зендеја не ја комбинираше белата јакна со кошула, а јаката небаре ѝ лебдеше преку рамениците, нагласувајќи го контрастот меѓу широките раменици и стегнатиот струк. Црвеното марамче во џебот ѝ одговараше на црвениот кармин на усните.