Најмалку 70 лица, меѓу кои десет жени и три деца, се убиени во напад на бандата Гран Гриф врз село на Хаити, соопштија вчера вечерта Обединетите нации.
Канцеларијата на ОН за човекови права во Женева соопшти дека членовите на бандата пукале во селото Понт-Сонде, по што запалиле четириесетина куќи и неколку десетици возила.
Pandilla mata a 70 personas en Haití
Entre las víctimas se encontraban diez mujeres y tres bebés en la ciudad de Pont-Sonde en Haití.
Además, 16 personas resultaron gravemente heridas en el ataque contra ciudadanos inofensivos y los residentes huyeron de sus hogares cuando… pic.twitter.com/ariQ5NVbl3
— Gamavisión Noticias (@gamavisionmx) October 4, 2024
Премиерот на Хаити, Гари Конил, на платформата Х напиша дека станува збор за брутален напад врз невооружени луѓе.
Членовите на бандата Гран Гриф ги изненадија жителите во четвртокот во 3 часот по локално време и ги подложија на „неискажлива бруталност“, соопшти владата.
Владата најави дека ќе го зголеми присуството на безбедносните сили во регионот северно од главниот град Порт-о-Пренс.
Хаити е најсиромашната земја на западната хемисфера и со години е место на насилство од вооружени банди кои сега го контролираат поголемиот дел од главниот град. Насилството сега се прошири и во другите региони, пишува ДПА.