Манчестер јунајтед го разгледува Томас Тухел како замена за Ерик тен Хаг.
За кандидатурата на германскиот стручњак раководството на клубот разговараше уште летото, кога размислуваше за промена на главниот тренер. Во оптек се уште неколку менаџери кои веќе се ангажирани во други клубови, додека Тухел останува невработен по заминувањето од Баерн на крајот од минатата сезона.
Раководството на клубот од „Олд Трафорд“ утре ќе има состанок на кој ќе се разговара за ситуацијата на тимот и иднината на Ерик тен Хаг како тренер во Манчестер јунајтед.
– Ние комуницираме многу отворено, многу транспарентно. Секоја недела, дури би рекол и секој ден, па очекувам дека ќе разговараме, изјави тренерот на Манчестер јунајтед говорејќи за односите со управата.
По седум кола во Премиер лигата, Манчестер јунајтед е на 14. место во поредокот со осум бодови.