На денешниот состаок полската влада ќе разговара за времено укинување на правото на азил, како и стратегија за контрола на илегалната миграција, јави ДПА.
Во саботата, премиерот Доналд Туск објави дека планира барем привремено да го суспендира правото на азил.
„Земјата мора да ја врати стопроцентната контрола врз тоа кој влегува во Полска“, рече тој и додаде дека ќе се бори за признавање на таа одлука во Европската унија. Истовремено, тој не соопшти никакви детали за евентуални нови мерки.
Во Брисел, портпаролот на Европската комисија истакна дека според правилата на унијата, земјите-членки се обврзани да овозможат пристап до процедурите за азил.
Полска и Европската унија го обвинуваат рускиот претседател Владимир Путин и неговиот сојузник – лидерот на Белорусија, Александар Лукашенко, дека намерно ги насочуваат мигрантите од земјите во криза кон полско-белоруската граница, која исто така е надворешна на ЕУ.