ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

„Пропстор“ нуди ретки сувенири од Мајкл Џексон, Принс, Џон Ленон

October 15, 2024 16:28
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Црно-златната јакна во „војнички стил“, којашто во 90-тите беше препознатлива за поп-ѕвездата Мајкл Џексон, би можела да достигне цена од 200.000 до 400.000 фунти на наддавање во Велика Британија.

На 15 ноември, на четиридневен настан, аукциската куќа „Пропстор“ (Propstore) ќе понуди повеќе од 350 ретки и уникатни сувенири од светската музика, коишто некогаш им припаѓале на мегаѕвездите. На списокот се музички инструменти, рачно напишани текстови, автограми, како и реквизити и костими. Можеби еден од позанимливите предмети е колаж во рамка со стиховите на песната „Beat It“, рачно напишани од Мајкл Џексон, како и повеќе негови јакни, на пр. црвена јакна којашто „кралот на поп-музиката“ од минатиот век ја користел на турнејата „Трилер“ oд 80-тите.

– Јакната има голем број потписи, а меѓу нив – и оној на Мајкл. Од внатрешната, задна страна, потпишан е и Џон Лендис кој го режираше видеоспотот за (песната, з.п.) „Трилер“ (Thriller), како и неговата сопруга Дебора Лендис, дизајнерка на јакната, изјави музичкиот стручњак Марк Хоман.

На наддавањето ќе бидат понуден и „Вокс“ засилувач за звук од 1962. што му припаѓал на Џон Ленон (проценет на 100.000 – 200.000 фунти аукциска вредност), синтисајзерот на Принс со којшто е снимена песната „Purple Rain“ (50.000 – 100.000 фунти)… Натаму во понудата има и 15 гитари на Ноел Галагер и дуото „Оејзис“, а сѐ тоа може да достигне вкупна цена од повеќе од два милиони фунти, велат првичните проценки.

– Гитарите на „Оејзис“ од оваа аукција му припаѓале, пред сѐ – на Ноел, бидејќи тие се особено барани меѓу колекционерите. Повторното обединување на „Оејзис“ го подигна интересот на ново, повисоко ниво, рече Хоман.

Во понудата се и главните снимки од четири необјавени демо-аудиоизведби на Џими Хендрикс, сместени во кутија обележана со ракописот на музичарот. Брошурата „Животот со Битлс“, пак, потпишана од сер Пол Мекартни, Џон Ленон, Џорџ Харисон и сер Ринго Стар, би можела да достигне цена од 10.000 до 20.000 фунти.

Next Post

Голема преселба на слонови во Кенија

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk