Поранешната светска тениска ѕвезда Борис Бекер ги спореди Јаник Синер и Карлос Алкараз со играчите од големата тројка во последните две децении.
– Гледав многу натпревари на Јаник во последно време и тој е навистина во форма. Од УС Опен тој го игра својот најдобар тенис. Тој личи на Ноле. Стил, а особено стабилност. Никогаш не паѓа под одредено ниво и секогаш игра тенис на највисоко ниво. Тој шутира со голема брзина и врши притисок врз противниците од основната линија. Кога Ноле беше помлад, дури и пред неколку години, можеше да доминира во игра на основната линија со својата техника, работа со нозете и брзина. Синер и Алкараз можете да ги наречете идните Ѓоковиќ и Федерер кои испишаа историја во спортот, како и Рафа Надал. Стилот на игра на Алкараз по убавина повеќе наликува на Швајцарецот и покрај тоа што негов идол отсекогаш бил Надал. Од чисто стилска гледна точка, Шпанецот може да се спореди со Федерер, а Италијанецот со Ѓоковиќ, изјави Бекер.
Во моментов Синер е лидер на АТП ранг-листата, додека Алкараз е на втората позиција.