Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз синоќа го победи Норвежанецот Холгер Руне со 2:0, по сетови 6:4 и 6:2 во четвртфиналето на егзибицискиот турнир „Слем на шест кралеви“ во Ријад, Саудиска Арабија.
Мечот траеше 1 час и 12 минути. Дваесет и едногодишниот Шпанец сервира шест асови, направи две двојни грешки и имаше три конвертирани брејк топки од пет шанси.
Алкараз во полуфиналето ќе се соочи со сонародникот Рафаел Надал.
Во другото полуфинале ќе се соочат Србинот Новак Ѓоковиќ и италијанскиот тенисер Јаник Синер.