ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Конференција за инвестиции и култура на Северна Македонија во Пекинг

October 30, 2024 16:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Конференција за инвестиции и култура на Северна Македонија се одржа во Санлитун, Пекинг во организација на Амбасадата на Северна Македонија во Пекинг, Глобалната платформа за економија и иновации и Стопанската комора на Санлитун.

На конференцијата, како што информира Амбасадата на Северна Македонија во Пекинг, присуствуваа кинески претприемачи од Кинеската асоцијација на мали и средни претпријатија, Кинеската стопанска комора во Пекинг, Стопанската комора Џианваи, Асоцијацијата Џишанг во Пекинг и Федерацијата за туристички градови во Кина.

Конференцијата ја отворил Тао Кингхуа, претседателот на  Хуаксиа – Меѓународен институт за истражување на таленти и македонскиот амбасадор во Кина Сашко Насев. За време на настанот се свиреле македонски песни во изведба на Адам Матејек од САД, се рецитирала македонска поезија во изведба на Јасмина Блажевска, а се изведувале кинески песни и танци.

Вршителот на должноста во Кинеската амбасада во Северна Македонија Ксу Леи преку видео ги поздравил присутните, истакнал дека развојот на билатералните односи е важен и оти очекува двете земји да учат една од друга и да продолжат во натамошно зајакнување на соработката. Второто видео обраќање било од Љупчо Папазов, градоначалник на општина Кочани, кој споделил детали за неговата работна посета во Кина. Третото видео обраќање било од Олга Лозановска, претседател на парламентарната група со Народна Република Кина, која се осврнала на економијата, здравството, земјоделството и билатералната трговија меѓу двете земји. Лекторката на Универзитетот за странски студии во Пекинг Рената Пенчова ги нагласила убавините и потенцијалот на туристичката индустрија во земјата и привлекувањето на кинески туристи во Северна Македонија. На настанот присуствувале и студентите од Катедрата за македонски јазик на Универзитетот за странски студии во Пекинг.

Претставникот од Глобалната платформа за економија и иновации Адит Растоги зборувал за важноста на платформата во промовирањето на културните размени и деловната соработка. Специјални гости на настанот биле амбасадорот на Црна Гора во Кина Бранко Булатовиќ и амбасадорот на Албанија во Кина Новруз Цета.

– Настанот се заокружи со потпишување на декларација за добра волја меѓу амбасадорот Сашко Насев и Адам Јуан Кианминг, претседателот на меѓународниот волонтерски сервис во Санлитун. Целта на декларацијата е изучување на македонскиот јазик и култура, а граѓанската инцијатива беше потпишана на македонски јазик. Конференцијата заврши со размена на пригодни подароци, уметнички дела од уметникот Иво Пецов, кои амбасадорот им ги подари на кинеските инвеститори, стои во сооопштението.

Во неформалниот дел била презентирана македонска храна, а посетителите имале можност да научат повеќе за кинеската медицина.

Овој форум, како што се наведува, не само што ја промовираше културната размена и инвестициската соработка меѓу двете земји, туку постави и цврста основа за идна соработка.

По завршувањето на конференцијата, следниот ден културната промоција продолжила и на фреквентната улица Санлитун, каде дневно поминуваат илјадници Кинези. Македонската заедница во Пекинг предводена од амбасадорот Сашко Насев и неговата сопруга Нада Насева, семејството Блажевски, лекторката Рената Пенчова, Мила Перчинкова волонтирале и ја промовирале македонската култура преку директна интеракција со кинеските жители и преку споделување на промотивен материјал. За време на промоцијата се емитувало и видеото од реализираната конференција.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: Кабинет на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова

Сиљановска Давкова за Извештајот на ЕК за напредокот за 2024: Објективна слика, потсетник и патоказ за реформските приоритети

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk