Најмалку 10 цивили загинаа денеска, а 30 се ранети во израелско бомбардирање на училиште во кое се сместени раселени лица во бегалскиот камп Ал Шати, западно од градот Газа, пренесува палестинска новинска агенција.
Ал-Шати е основно училиште, основано од Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), во која моментално се сместени раселените лица.
Претходно денеска, израелските сили го бомбардираа бегалскиот камп Нусејрат, при што загинаа најмалку осум лица, а неколку други се ранети.