Контроверзниот американскиот милијардер, сопственик на Тесла, Спејс Х и Твитер, Илон Маск голем поддржувач и пропагандист на Трамп, откако новиот американски претседател веќе во првите изјави по победата упати закани и се конфронтираше со Европа, веднаш по распадот на германската владејачка коалиција на социјалдемократи, либерали и зелени, во објава на неговата мрежа Х го нарече германскиот канцелар Олаф Шолц будала
„Олаф е будала“ (Olaf ist ein Narr), напиша Маск.
Илон Маск својата платформа Х ја стави на располагање на кампањата на Трамп кога најголемиот дел од дезинформациите и лажните видеа кои кружеа во предизборната трка во САД, вклучително и голем дел од руските пропагандни наративи насочени кон изборите во САД својот пласман пред американските гласачи најлесно го пронајдоа преку социјалната мрежа Х.
Истовремено тој донираше над сто милиони долари во кампањата на Трамп, додека неговите политички ставови во последните годиони стануваат ултрадесничарски.
Олаф Шолц од своја страна изјави дека европските лидери и во иднина ќе продолжат да работат добро со американскиот претседател, и додаде дека ЕУ мора да остане силна во услови на конфликти во Европа и на Блискиот Исток.
-Ќе продолжиме да работиме добро со следниот американски претседател. Прашањето како тоа може да се постигне беше тема на нашата дискусија, рече тој по состанокот со другите европски лидери во Будимпешта.
„Едно е јасно. Заедно, како Европска унија и како Европејци, мора да го направиме она што е неопходно за нашата безбедност“, рече германскиот лидер откако Доналд Трамп беше реизбран за претседател.
Од друга страна, германскиот конзервативен кандидат за канцелар, Фридрих Мерц се залага Европа да покаже сила и да заземе цврст став за време на вториот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп.
– Тоа ќе остави впечаток во Америка, рече Мерц во ток-шоуто на Мајбрит Илнер на ЗДФ. Тој нагласи дека Европа мора да зборува во еден глас.
– Доналд Трамп не е импресиониран од слабост, само од силат, дури и од опозиција. На овој начин Европа би можела да се справи со новата влада во Вашингтон, рече тој.
Мерц се подготвува за главната политичка функција во Германија откако се распадна коалицијата на неговиот ривал, социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц. Мерц бара Шолц да повика на итно гласање за доверба на неговата сега веќе малцинска влада и предвремени избори. Шолц засега останува на својот став сека гласањето доверба ќе се одржи во јануари.
Лидерот на демохристијаните додаде дека Германија мора да направи повеќе за сопствената безбедност.
Деловниот модел на евтин увоз, скап извоз и дозволување САД да плаќаат за безбедноста „сега е завршен“, рече Мерц.
Но, тој рече дека „тоа не е толку драматично“.
– Треба да се приспособиме на тоа, да управуваме со него и да ги преземеме неопходните последици, додаде Мерц.
Драган Мишев/Цивил Медиа