Неколку авиокомпании ги откажаа летовите за Хаити откако американски патнички авион беше погоден од огнено оружје при слетувањето.
Авион на „Спирит ерлајнс“ (Spirit Airlinesa) на летот 951 од Форт Лодердејл, Флорида, по пукањето беше пренасочен во соседна Доминиканска Република, каде безбедно слетал на Аеродромот Сантијаго. Во инцидентот само еден член на екипажот е полесно повреден.
Во изминатите три недели тоа беше втор напад врз авион што слетал во Порт-о-Пренс.
Додека во октомври минатата година членови на банда пукаа врз хеликоптер на Обединети нации, поради што и тогаш неколку компании привремено ги укинаа линиите.