ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: СДСМ нема да дозволи повторно воспоставување на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури

November 13, 2024 13:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: СДСМ

Фото: СДСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Вчерашната собраниска Комисија за надзор на тајните служби, е само уште една потврда во каков криминал се навлезени ВМРО ДПМНЕ, со назначувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ., смета лидерот на СДСМ, Венко Филипе. Претседателот на опозицијата на денешната прес-конференција, истакна дека ваквиот начин на дејствување, односно партизација на безбедносниот систем, задушување на слободата на говорот, спречување на новинарите и медиумите да ја извршуваат професионално својата работа, не е непознато и потсетува на најцрните години за Македонија до 2016 година.

„Комисијата можеше редовно да си заседава и директорот да одговори на сите прашања, меѓутоа тоа не се случи. Но тоа не е нешто ново, политизација и партизација на безбедносните структури нешто што сме виделе во претходното владеење на ВМРО ДПМНЕ. Сакам јасно да му порачам на премиерот дека СДСМ, нема да дозволи повторно воспоставување на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури“- рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој посочи дека ОЈО  треба да го расчисти овој случај и истовремено побара да се утврди, во која постапка на кој начин со кои документи Бојан Христовски е избран и за асистент на Факултетот за безбедност. На прес-конференцијата претседателот на СДСМ, Филипче го коментираше и вчерашниот обид во спречување на извршување на работни задачи на новинар, од страна на пратеник на ВМРО ДПМНЕ после седницата на Комисијата за надзор на тајните служби.

„Многу сериозни најави за обид за елиминирање на слободата на изразување на говор, на јавен настап, на слободен пристап до информации повторно, веројатно многу дискретен, а во следниот период и многу поагресивен систем на елиминирање на слободата на изразување на новинарите и нивниот пристап до информации согласно она искуство од претходното владеење на ВМРО ДПМНЕ би рекол најцрните години за Македонија до 2016 година. Давам поддршка на новинарите да се борат за своите права и слобода , може да сметаат на наша поддршка во кој било момент, а на премиерот и на ВМРО ДПМНЕ им порачувам-еднаш тој систем го решивме, ќе го решиме и втор пат“-рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Tags: „ало началниче“Филипче
Next Post

Мамер: ЕК не го коментира процесот на потврдување на новите еврокомесари, Фон дер Лајен има доверба во Рибера

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар

October 29, 2025

Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

October 29, 2025
Фото: Левица

Мециновиќ: Ова е генерациска борба на непривилегираните – отчукува нивното време, сега ние сме на потег

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk