ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Започнува 49. издание на МОТ со претставата „Хинкеман“ во режија на Тамара Стојаноска

November 15, 2024 09:11
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Младинскиот културен центар (МКЦ) го најавува 49-тото издание на Млад отворен театар (МОТ), кое започнува денеска и ќе трае до 21 ноември.

Како што стои во соопштението на МКЦ, Фестивалот ќе биде отворен со минатогодишните победници независниот театар „Златен Елец“ и претставата „Хинкеман“, по текст на Ернест Толер, а во режија на Тамара Стојаноска.

– Иако се осамени како независен театар на репертоарот, сепак, по регионалните награди, тие ја заслужија сцената, затоа завесата на МОТ ќе се крене со нивната нова премиера. Антивоената тема која се провлекува во нивната претстава го најавува и мотивот на годинешниот МОТ. Во време кога светот се соочува со две војни, програмата на овој МОТ го изнесува својот активистички став со кој во фокус ги става темите кои го запалија светот, а во нашето општествено политичко секојдневие не добиваат соодветно значење, вели организаторот Русе Арсов.

Претставата „Хинкеман“ ги истражува бруталните сили што управуваат со нашиот свет – војните, социјалните неправди и немилосрдните системи на економска моќ што ја ловат работничката класа. Таа ерупција на омразата меѓу луѓето и нациите е препознатлив знак на духот на времето во кое живееме и денес. Па осаменоста на човекот во таков пејзаж е доволно податлив, за со неа да се бави претставата „Без крв“, која е продукција на двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ копродукција на Драмски театар – Пловдив и Народниот театар „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ – Велес.  Воената тема пластично ќе ја доловат шесте брилијантни актерки од Украина кои ќе ги раскажат своите приказни распнати меѓу војната и нивните секојдневни животи и нивните семејства и за тоа како ова состојба го има променето нивниот однос кон животот во перформансот „Танцот на смртта“на Ле Пре/Дак Театар.  Перформансот е создаден кратко по почетокот на руската воена агресија и во моментов овој музичко – театарски проект ужива огромна популарност, а негови членови се дел од музичкото фрик – кабаре „Ќерките на Дак“ (Dakh daughters)  од Киев.

Додека светот гори во глобален контекст, додава Арсов, на локално ниво се води војна за МОТ, бидејќи, како што стои во соопштението, 49. издание на МОТ се одржува со минимум буџет и е резултат на солидарноста на глобалната мрежа на Фестивалот.

– Додека светот гори во глобален контекст, на локално ниво ние водиме војна за МОТ. Се бориме и со минимум буџет покажуваме дека МОТ не е осамен, бидејќи солидарноста на глобалната МОТовска мрежа го овозможува и ова 49то издание на фестивалот. Инстинктот за преживување е силен, еднаков како љубовта која го шири овој млад и „средовечен“ фестивал, додава Арсов.

Надвор од ова тематско боење на фестивалот, на МОТ ќе биде прикажан „Скринејџери, втор дел“, рефлексивен мјузикл од Франција кој се обидува да одговори на прашањето каква трага остава дигиталниот хаос на нашата психа и фантазија, за да сме способни да го впиеме сето тоа „скролајќи“ надолу.

Потоа свое ггостување ќе има најнаградуваната претстава во историјата на Новосадско народно позориште „Ана Каренина“, во режија на Дејан Пројковски, која беше прогласувана за апсолутен победник на неколку регионални фестивали.

Присуството на Креативниот центар Крушче на Томи Јанежич, со делото „Куќа, дом“ на Катја Легин, од МКЦ велат дава можност за доживување на театарот во автентичен простор за темата, бидејќи ќе се одржи во куќа/дом на непозната локација во Скопје, за која, велат, публиката која има билет ќе добие адреса дополнително.

Театарот Промена, од Србија доаѓа со монодрамата „Мајорот и Хелена“, која е авторски проект на Алекса Јовиќ и ја обработува приказната на транс-родовата жена и нејзината храброст во конзервативното општество. „Сé што е важно“ е интерактивна претстава на театарот Арисандмарта од Грција, кој ќе ги донесе белешките за изведување на пријателство, низ сценски движења на кои публиката ќе биде сведок.

Театарскиот режисер и драмски писател Јари Јутинен, уметнички директор на „sadsongskomplex:fi“ од Финска, ќе биде домаќин на разговорен мастерклас за професионалци во театарот и студенти што ги истражуваат „зошто“, „кој“ и „како“ на меѓународната соработка. Со него заедно ќе бидат испитани зошто глобалните партнерства се важни во театарскиот свет, или пак, дали се?

Целосната програма и распоред на фестивалот можат да се погледнат на официјалната страна на фестивалот „mot.mk“, а билетите можат да се набават преку билет сервисот на МКЦ „bileti.mkc.mk“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: 49. издание на МОТ

НАЈНОВО

Макрон: Не можеме да молчиме за Газа, Европа мора да биде обединета за мир во Украина

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на MZR Kashmir

Индија разгледува план за намалување на водоснабдувањето на Пакистан со нов проект за реката Инд

May 16, 2025

Вонредна е ситуацијата во болницата во Кочани, физикална терапија се обезбедува за 40 лица, а на преврски доаѓаат над 70 повредени во трагичниот пожар

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk