ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Меѓународна изложба во МСУ – „Војна на сетилата/Војна врз сетилата“

November 25, 2024 10:33
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Годинашната разнообразна уметничка и изложбена програма на Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде заокружена со уште една импозантна меѓународна изложба, која ќе биде отворена на 5 декември, во 20 часот.

Во поставката „Војна на сетилата/Војна врз сетилата“ ќе бидат изложени дела на интернационални и македонски автори: Лоренс Абу Хамдан, Бејрут урбан лаб, Центар за просторни технологии, Форензичка архитектура, Кумјана Новакова, во соработка со Метју Фулер ќе се претстават и Мацуко Јокоџи и Грахам Харвуд од колективот ЈоХа.

Куратори на изложбата се Метју Фулер и Тихомир Топузовски.

Изложбата се фокусира на релациите помеѓу современите дигитални технологии и продукцијата, дистрибуцијата, интерпретацијата и користењето слики, како евиденција за војните денес и наедно ја степенува важноста на истражувањето и поврзаноста меѓу естетиката и насилството. Изложбата прикажува шест проекти, кои ги истражуваат и анализираат овие состојби. Секое поединечно дело влијае на разбирањето на одредени случаи во подрачјата со воени конфликти, воедно приложувајќи евиденција, a делата претставуваат и повик за праведност.

„Војната е сеприсутна денес. Како да го сфатиме тоа? Војната зазема сè повеќе простор, посредувана преку технологиите, кои влијаат врз нашите сетила, како и врз нашите дејствувања. Покрај уништувањата што ги предизвикува војната, дејствува и преку сферата на сетилноста и врз сетилата. Пред сѐ, преку технологиите кои ги посредуваат начините на кои го искусуваме, спознаваме, интерпретираме, класифицираме и опстојуваме во светот. Гледајќи ги конфликтите како енормна количина податоци, кои циркулираат онлајн со значителна брзина, тие ги трансформираат чувствата и искуствата; особено преку она што се подразбира како информатичка војна, кампања на дезинформации, како и автоматизираноста на самото војување денес. Развојот на технологијата ги прераспределува приказите на кризите и воените конфликти, претставувајќи место на одвивање на војната, како и дел од секојдневните вести“, велат кураторите.

Оттаму, „Војна на сетилата/Војна врз сетилата“ ja воочува естетиката како основна на феноменот на војната.

Лоренс Абу Хамдан е независен истражувач во полето на звукот. Неговите истражувања се сосредоточени на звукот и говорот, користејќи ги, како докази во Трибуналот во Велика Британија за азил и имиграција. Исто така, неговите дела се застапувани од организации како што се: „Amnesty International“ и „Defence for Children International“. Абу Хамдан има докторирано во 2017 година на Универзитетот „Голдсмит“ во Лондон и добитник е на наградата „Тарнер“ во 2019 година заедно со неколку уметници, истата година.

„Бејрут урбан лаб“ е интердисциплинарна група со седиште на Американскиот универзитет во Бејрут. Оваа група се занимава со истражувања, кои се однесуваат на урбанизацијата, со цел документирање и разбирање на процесите на трансформациите во Бејрут, Либан, поширокиот регион, како и градовите воопшто. Посветени на визуелните пристапи и методологии, Beirut Urban Lab имаат создадено географски бази податоци, интерактивни платформи и повеќекратни мапирања на урбани системи во текот на изминатите години, со крајна цел, замислување алтернативни модели на просторно закрепнување и обновување.

„Центарот за просторни технологии“ е интердисциплинарен истражувачки колектив од Киев, специјализиран во правење просторни анализи, визуализирања и моделирања. Нивните практики вклучуваат документирање и анализирање бројни случаи на насилства во Украина денес.

Колективот „Форензичка архитектура“ е истражувачка група со седиште во Лондон, основана во 2010 година. Преку користење архитектонски модели, уметнички цртежи и анимации, тие воспоставуваат нови форми на истражување, поврзани со човековите права. Нивната работа е користена како доказен материјал во меѓународните судови, и исто така е преставена во најреномираните уметнички институции низ светот.

Кумјана Новакова  е филмска режисерка и кураторка, и предава аудиовизуелни методологии.  Новакова е една од основачите и главна кураторка на „Право-људски фестивал“. Преку нејзината работа ги истражува темите поврзани со моќта, војната, сеќавањата и отпорот. Новакова живее помеѓу Сараево и Скопје.

„ЈоХа (Мацуко Јокоџи и Грахам Харвуд)“ е уметнички колектив од Англија. Првенствено работаат на начините преку кои технологиите на базите на податоци создаваат различни видови општествени услови. За овој проект, како и за некои други, „ЈоХа“ соработува со Метју Фулер, ко-куратор на оваа изложба. Метју Фулер е професор по Kултурни студии на „Голдсмитс“, Универзитетот во Лондон. Како теоретичар на културата, неговата истржувачката работа е во сферата на уметноста, науката, политиката и естетиката.

Графичкиот дизајн за изложбата е на Денис Сарагиновски, а изложбениот дизајн го подготви Јован Ивановски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Војна на сетилата/Војна врз сетилата“МСУ

НАЈНОВО

Цана: Пациентот со мајмунска сипаница е во добра здравствена состојба, вториот не се јавил на Инфективна за преглед

May 23, 2025

„Мадам Батерфлај“ – емотивна оперска вечер во рамки на 53. „Мајски оперски вечери“

May 23, 2025

Бислимовски: Одлуката на Уставниот суд може да доведе до поскапување на топлинската енергија

May 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Молк во костуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научниците создадоа „временско огледало“ – бран што се движи наназад во времето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk