Јато од повеќе од 30 пилотски китови е спасено откако се насука на плажата Руакака кај Вангареј во северниот дел на Нов Зеланд, јави Би-Би-Си.
Надлежните соопштија дека повеќето од насуканите китови се вратени во морето, но дека за жал починале тројца возрасни китови и еден млад кит. После тоа, немаше повеќе насукувања.
Спасувањето беше предводено од локалната маорска група наречена Патухаракеке, со помош од властите, како и од јавноста.
Насукувањата на китови сè уште се необјаснета природна појава и најмногу ја има во Нов Зеланд. Китовите се спасуваат со подигнување и враќање во длабочина.