СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на огнено оружје што се случија за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме. Инцидентите во Скопје и други градови низ државата се апсолутно неприфатливи, претставуваат директно загрозување на меѓуетничките односи, јавната безбедност и достоинството на Македонците, соопштуваат од СДСМ.
Оттаму наведуваат дека почитувањето на симболите и идентитетот на секоја заедница е темел на нашето заедничко општество, и секое однесување кое има за цел да предизвика поделби или тензии е спротивно на овие вредности.
„СДСМ бара од Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, итно да постапи и МВР да ги преземе сите потребни мерки за санкционирање на сторителите на овие непромислени и штетни дејствија. Безрезервното спроведување на законите е единствениот пат до зачувување на мирот, безбедноста и довербата меѓу сите граѓани. СДСМ повикува на смиреност и воздржаност од дополнителни провокации“, се наведува во соопштението од СДСМ.
Еден од присутните на прославата на денот на албанското знаме уништи и искина државно знаме на Македонија, а видеото од инцидентот е објавено на социјалната мрежа Икс.
Немам зборови… pic.twitter.com/A3bS1WU8KY
— Роберто Навали (@roberto_navali) November 28, 2024
Снимката, според објавеното, е во близина на Бит-пазар за време на прославата на денот на албанското знаме.