ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Европски фронт бара собраниска седница за безбедносната состојба, поднесени интерпелации за Меџити, Стоилковиќ, Тошковски и Исени

December 3, 2024 15:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката група на Европскиот фронт, согласно член 205 став 2 и член 75 став 3 од Деловникот на Собранието, денеска поднесе барање на наредната седница на дневен ред да биде ставена информација безбедносната состојба во земјата. Тие денеска поднесоа и интерпелации за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ и за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Блерим Беџети денеска на прес-конференција рече дека тие бараат информации за безбедносната состојба во земјата во последниот период, хронолошка детална информација за настаните во Куманово, особено во врска со палењето на деловни објекти во овој град и нападите врз имотите на граѓани од албанска етничка припадност , спроведените мерки и истраги за расветлување на случаевите  имајќи го предвид нивното можно влијание врз меѓуетничките односи, во врска со настаните на кои се случија палења на знамиња, како и информација за селективниот пристап во смисла на процесирање на учесниците на истите настани и сите детали во врска со мерките за институционален одговор и превенција од потенцијални слични настани. Пратениците од Европскиот фронт бараат и одговори за протоколи во случаи на селективно постапување од страна на службени лица од МВР, како и за предвидените механизми за надзор врз работата на безбедносните служби особено во вакви сензитивни ситуации, отчетност за преземените но и непреземените мерки.

Пратеничката група на Европскиот фронт поднесе интерпелација за работата на четворица членови на оваа влада, како што рече Беџети, без етнички легитимитет: вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, неговиот заменик Астрит Исени и вицепремиерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ.

– Заменик премиерот Меџити како вицепремиер во оваа влада е одговорен за лошото управување со состојбите кои се случуваат во државата, вклучително и меѓуетничките односи. Наместо да дејствува како гарант на меѓуетничкиот мир и интеграција, тој не успеа да ги заштити интересите на албанската заедница и да придонесе за зачувување на социјалната и меѓуетничката хармонија. Напротив, толерираше дискриминација, селективна правда од страна на надлежните органи и молчеше за повторените неправди што ги трпе оваа заедница, рече Беџети.

Министерот за внатрешни работи Тошковски и неговиот заменик Исени, на денот на празникот на албанското знаме, како одговорни лица, според него, и наредиле на полицијата на невиден и неоправдан начин да интервенира, спречувајќи мирна и традиционална манифестација на Албанците.

-Оваа интервенција предизвика непотребни тензии и ја поткопа атмосферата на мир и меѓуетнички соживот. Полицијата наместо да го одржува јавниот ред и да ги почитува правата на граѓаните да го прослават овој ден, поттикна конфронтации и ескалација на тензии. Ова неменаџирање на ситуацијата настана поради неспособноста и непрофесионалноста на министерот за внатрешни работи и неговиот заменик, рече Беџети.

Според него, не е уапсено лицето кое запалило албанско знаме.

Интерпелацијата за вицепремиерот Иван Стоилковиќ, ја поднесуваат поради неговото непостапување и неизјаснување во врска со неодамнешните настани во Куманово, кога изгореа неколку возила и продавница на Албанци. Стоилковиќ во својство на вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, вели Беџети, не успеал да ја почитува и спроведе официјалната употреба на албанскиот јазик.

На прес-конференцијата тој исто така кажа дека деновиве Владата создава клима на тензии, недоверба и нетрпеливост меѓу етничките заедници во државата и оти намерата била јасна а тоа е да се обвинат Албанците за дестабилизација на државата. Беџети изјави дека дестабилизирана Северна Македонија е во директен интерес на Русија, која сака да ја поткопа стабилноста на Западен Балкан и да ги запре на интегративните процеси на ЕУ.

– Русија ја продолжува својата агенда за да го задржи влијанието во регионот. Присуството на луѓе како Стоиљковиќ познат по врските со Путин и Вулин, на високи позии во актуелната власт е јасен доказ за инфилтрирањето на оваа агенда во државните структури, рече Беџети.

Од друга страна, смета тој, дестабилизацијата им служи и на интересите на самата оваа влада, која не е во состојба да го спроведе она што е клучно за продолжување на евроинтеграцискиот пат, а тоа се уставните измени кои се неопходни за да се придвижи земјата напред во процесот на интеграцијата во ЕУ.

– Соочена со своите неуспеси, власта се обидува да создаде вештачка, но опасна криза, обидувајќи се да ја префрли вината на Албанците и да ги претстави како одговорни за дестабилизацијата на државата. Ваквиот пристап е опасна игра, која не само што ги нарушува меѓуетничките односи, туку ја поткопува и стабилноста на земјата и на целиот регион, рече Беџети.

Албанците, како што потенцира, биле и остануваат столб на стабилноста и развојот на Северна Македонија.

-Албанците немаат интерес за дестабилизација. Напротив, ние отсекогаш сме биле силата што ги туркала напред евроатлантските процеси и демократскиот развој на државата. Секој обид да се вклучат и обвинат Албанците за дестабилизирачки сценарија не само што е неправеден, туку и опасен, рече Беџети.

Ги повика Албанците, како што кажа, „да останат смирени и да не станат плен на очигледни провокации“, а меѓународниот фактор будно да ги следи случувањата во земјата и да дејствува за да ги спречи сите напори за дестабилизација.

Next Post

Коцевски доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото ЈО Скопје Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител

НАЈНОВО

Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025
Скриншот

Трамп: Изборните порази на републиканците се должат на парализата на буџетот и фактот дека моето име не беше на гласачкото ливче

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk