ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Голема меѓународна конференција за одбрана на демократијата и човековите права во Скопје: Детална агенда

December 9, 2024 13:37
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија) и МЕДИА ДИЈАЛОГ / Y4M (Северна Рајна-Вестфалија, Германија) ја објавија агендата на големата меѓународна конференција ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА и на македонски и албански јазик.

Неодамна, ЦИВИЛ ја лансира веб страницата DefendingDemocracy во состав на интернет весникот ЦивилМедиа. Веб страницата се креира по повод големата меѓународна конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“ што ќе се одржи во Скопје, 11 и 12 декември.

Новата интернет платформа на ЦИВИЛ е на англиски јазик, со линкови до сите содржини на македонски и албански. На располагање е новата рубрика ДЕМОКРАТИЈА (линк) на македонски, односно DEMOKRACI (линк) на албански, специјално посветени на Конференцијата, како и на сите резултати што ќе произлезат од овој значаен меѓународен настан.

Конференцијата се состои од четири сесии, во кои учествуваат повеќе од 25 учесници од Северна Македонија, регионот, Европа и САД, како и изложба и штандови со изданија на организацијата која оваа година одбележува 25 ГОДИНИ од основањето.

Ја пренесуваме агендата на овој значаен настан во целост.

АГЕНДА: Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам

11-12 декември 2024 година, Скопје, Северна Македонија

Овој настан е дел од Неделата на човекови права, иницијатива на покраината Северна Рајна-Вестфалија.

Прв ден, 11 декември

10:00 [РАБОТИЛНИЦА] Одбрана на демократијата и човековите права: Предизвици и перспективи (препораки)

Првиот ден од конференцијата е структуиран да поттикнува отворен дијалог, вмрежување и соработка во понеформален амбиент. Оваа посебна работилница ги поканува пријавените учесници да се вклучат длабоко во итните предизвици и перспективи во одбраната на демократијата и човековите права. Заедно, присутните ќе работат кон изготвување практични препораки за политика, кои ќе бидат споделени со домашната и меѓународната публика на крајот на конференцијата и ќе бидат вклучени во резултатите по конференцијата.

Услови за пријавување: Учеството на оваа работилница е изборно. За да обезбедат место, заинтересираните лица се охрабруваат да го изразат својот интерес до 6 декември. Местата се ограничени. За дополнителни информации за оваа работилница, ве молиме контактирајте нé на +389 2 5209 176 или civil@civil.org.mk.

13:00 Средба со медиумите

Средбата со медиумите ќе се фокусира на две клучни теми: агендата и важноста на оваа конференција во актуелната социо-политичка клима и изложбата „25 години ЦИВИЛ“, која ги прикажува значајните придонеси и влијанието на ЦИВИЛ во промовирањето на демократијата и човековите права во изминатиот четврт век.

13:30 Состаноци / вмрежување / интервјуа

Оваа сесија нуди отворен, неформален простор за учесниците, говорниците, дополнително поканетите од граѓанското општество и академијата (до 15 лица кои дополнително ќе бидат поканети) и претставниците на медиумите да се поврзат, разменат мислења и да разговараат за можностите за соработка. Тоа претставува единствена шанса присутните директно да се вклучат со клучни експерти и активисти, да истажуваат потенцијални партнерства и да нурнат подлабоко во темите на демократијата, човековите права и слободата на медиумите. Новинарите ќе имаат можност да спроведат интервјуа, додека другите учесници можат да го искористат ова време за зајакнување на професионалните мрежи и споделување перспективи во едно релаксирано опкружување.

Втор ден, 12 декември

АНГАЖМАН Сите учесници на конфернцијата се поканети активно да се вклучат во дискусиите, или од нивните места или од назначената говорница.

ВРЕМЕНСКА РАМКА Панел дискусиите ќе бидат модерирани за да се осигура дека секој говорник има 5-7 минути за клучни забелешки, по што ќе следи отворена дискусија. Секој панел предвидува најмалку 15 минути за учесниците да направат 3-минутни интервенции, коментари или да постават прашања.

НАВРЕМЕНОСТ Учесниците љубезно се замолуваат строго да се придржуваат до даденото време за да се обезбеди непречена и инклузивна дискусија.

ЈАЗИК Препорачаниот работен јазик на конференцијата е ангискиот јазик. Органзаторите обезбедуваат симултан превод на македонски, албански и англиски јазик.

ПРИСУСТВО Учеството е само со покана. Лицата кои имаат желба да учествуваат, вклучувајќи ги и оние кои можеби ненамерно биле пропуштени, се добредојдени да поднесат барање за приклучување преку следната е-пошта civil@civil.org.mk не подоцна од 9 декември. Само со покана. Заинтерсираните лица можат да изразат интерес за учество со испраќање на е-пошта до civil@civil.org.mk.

ЗАПОЗНАЈ СЕ СО УЧЕСНИЦИТЕ Создадовме посебен дел за кратки биографски белешки и фотографии на сите учесници. Љубопитни сте да дознаете повеќе за инспиративните поединци кои го обликуваат разговорот на нашиот настан? Посетете го делот УЧЕСНИЦИ сега и истражето го нивното потекло, експертиза и придонеси!

ХАШТАГ АЛАРМ Официјалниот хаштаг за нашиот настан е  #DefendingDemocracy. Користете го за да се приклучите во разговорот, да ги спподелите вашите сознанија и да се поврзете со другите кои се страстни за демократијата, човековите права и борбата против авторитаризмот.  Да направиме нашите гласови да бидат слушнати!

09:30 Пријавување

10:00 Отворање на конференцијата

  • Натаниел Лимински, Министер за федерални, европски и меѓународни работи и медиуми на Северна Рајна-Вестфалија
  • E. Петра Дреклер, Амбасадорка на Сојузна Република Германија
  • E. Вилма Дамбраускиен, Амбасадорка на Литванија

10:20 Вовед

  • Волфганг Ресман, Претседател, Медиа дијалог/Y4M, Германија
  • Џабир Дерала, Претседател, ЦИВИЛ, Северна Македонија

10:30 Панел 1: Демократијата под опсада

Дискусија која истражува како војните и конфликтите ги поткопуваат демократските институции и човековите права, влеваат страв и шират дезинформации и националистичка пропаганда преку медиумите.

  • Кристијана Ајлдерс, универзитетска професорка, Универзитет Хајнрих Хајне, Дизелдорф, Германија
  • Сашо Орданоски, новинар, Северна Македонија
  • Волфганг Ресман, Претседател, Медиа дијалог/Y4M, Германија
  • Хедер Роберсон Гастон, експертка за човекови права, САД

Модерато: Џабир Дерала, ЦИВИЛ, Северна Македонија4

11:15 Кафе пауза

11:30 Панел 2: Подемот на крајно десничарскиот национализам

Разгледување на напливот на крајно десничарските движења и нивното влијание врз демократијата и општествената кохезија: што можат да направат медиумите и граѓанското општество– поставување на основа за понатамошна соработка во врска со план и стратегија за дејствување.

  • Роџер Касале, Генерален секретар, Нов европски граѓански форум, Италија
  • Ксенија Халубович, новинарка, Германско-француска награда за новинари 2021, Белорусија (во егзил)
  • Мика Бојстер, Претседател, Германска унија на новинари, Германија
  • Александар Спасов, универзитетски професор, Северна Македонија
  • Адмир Лисица, истражувач, БиХ
  • Бојан Маричиќ, активист на граѓанското општество, поранешен вицепремиер за европски работи и поранешен министер за правда, Северна Македонија

Модератор: Волфганг Ресман, Претседател, Медиа дијалог/Y4M, Германија

12:45 Придружни настани: изложба / вмрежување

13:45 Панел 3: Спротивставување на авторитаризмот

Говорниците дискутираат за различни стратегии и најдобри практики за отпор на авторитарните тенденции и зајакнување на демократското владеење. Посебен фокус во рамките на овој панел ќе биде ставен на медиумската писменост како еден од начините за спротивставување на малигните операции на влијание и антидемократските трендови во нашите општества.

  • Гудрун Штајнакер, потпретседателка на Асоцијацијата на Југоисточна Европа, Германија
  • Ерван Фуере, виш истражувач, Центар за европски политички студии, Белгија
  • Катерина Павлова, експертка за дезинформации и пропаганда, Украина/Германија
  • Константинас Андријаускас, универзитетски професор, Литванија
  • Срѓан Цвијиќ, Претседател на Советодавниот комитет на Белградскиот центар за безбедносни политики, Србија

Модераторка: Ана Чупеска, универзитетска професорка, Северна Македонија

15:00 Кафе пауза

15:15 Панел 4: Историјата и иднината на бескомпромисната посветеност на демократијата, човековите права и медиумските слободи

Овој панел ќе ги разгледа минатото и иднината на посветеноста на граѓанското општество кон демократијата, човековите права и медиумските слободи. Говорниците ќе истражуваат активности и стратегии за зајакнување на медиумите и граѓанското општество во борбата против дезинформациите и поттикнувањето на демократските вредности. Дополнително, панелот ќе ги претстави партнерските организации и ќе ја прослави 25-годишнината на ЦИВИЛ – Центар за слоода, сеќавајќи се на нејзината историја, влијание и визијата за иднината.

  • Едвард Џозеф, експерт за менаџмент на конфликти, универзитетски професор, Универзитет Џон Хопкинс, САД
  • Петрит Сарачини, медиумски експерт, ИМА, Северна Македонија
  • Олха Данилјук, новинарка, Украина
  • Астрит Истрефи, политички и безбедносен аналитичар, Косово
  • Доротеја Антиќ, Младинска иницијатива за човекови права, Србија
  • Џабир Дерала, ЦИВИЛ, Северна Македонија

Модераторка: Хедер Роберсон Гастон, експертка за човекови права, САД

16:30 Заклучоци

Преземено: Цивил Медиа


ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: ЕПА/МИА

Две лица го загубија животот, а девет се повредени во експлозијата во рафинеријата во близина на Фиренца

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk