ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Врачена наградата „Мето Јовановски“ на Лила Милиќ и Центарот за граѓански комуникации

December 10, 2024 11:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на граѓани „Центар за граѓански комуникации (ЦГК)“ во Скопје и активистот Лила Милиќ денеска ја добија државата награда „Мето Јовановски“ за оваа година, која е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Претседателот на „Центар за граѓански комуникации (ЦГК)“ Герман Филков во своето обраќање денеска по повод врачување на наградата посочи дека оваа награда претставува поттик за натамошна транспарентост и уште полесен пристап на граѓаните до информациите, кои им овозможуваат да учествуваат во создавањето политики, во носењето одлуки, од кои натаму зависи квалитетот на животот, за добивање квалитетни јавни услуги, за начинот на трошење на нивните пари, за барање на одговорност и отчетност од иснтитуциите.

-Зборувајќи за „Центар за граѓански комуникации (ЦГК)“ сакам да истакнам дека оваа награда има неколкукратнио значење секако за нас, но тоа што е поважно, за цело општество. Најмногу затоа што се афирмира правото на пристап до информации, едно од основните човекови права пруизнаено во меѓународните повелби, декларации и документи и секако во нашиот Устав. Право, кое е предуслов и овозможува понатаму оставрување и на многу други човекови права, рече Филков.

Во отуство на Лила Милиќ, денеска подносителот на иницијативата Славчо Димитров, ја прими наградата во нејзино име.

Тој, читајќи го нејзиното обраќање, подвлече дека за првпат во државата трансродово лице добива вакво високо признание. Оваа награда, како што рече, е порака дека правдата, еднаквоста и инклузивноста се можни.

-Оваа награда „Мето Јовановски“ не е само потврда за мојата посветеност, туку и за храброста и истрајноста на целата трансродова заедница. Како трансродова личност и активистка со 16 годишно искуство, а последните девет години со посветеност на правата на трансродовите лица, оваа борба не ја гледам само како колективна. Таа е и моја лична борба. Ми претстаува гордост што можев да придонесам кон создавање простор за дијалог, видливост и поддршка, бидејќи верувам дека секоја приказна носи промена, рече Димитров.

Наградата се доделува секоја година на 10 декември, по повод Меѓународниот ден на човековите права.

Tags: Лила МилиќНаграда „Мето Јовановски“Центарот за граѓански комуникации
Next Post

ДУИ: Ја почитуваме одлуката на Стејт Департментот на САД

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk