ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гаши: Во секое време може да почнеме со уставни измени, но како држава сме во временски теснец

December 11, 2024 11:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Во однос на условувањето од Бугарија, Парламентот е подготвен во секое време да го започне процесот на уставни измени што земјата ја држат во застој. Сепак, потребен е консензус и политичка волја процесот да продолжи напред во согласност со стандардите на ЕУ и тој да не биде попречен од билатералните прашања, изјави претседателот на Собранието Африм Гаши, на Седмата пленарна конференција на НКЕУ-МК. Оценува дека како држава сме во временски теснец и оти треба да бидеме премногу умешни да ја најдеме вистинската формула како да постапиме.

Гаши, во обраќањето на Седмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија, нагласи дека билатералните прашања не треба да претставуваат пречка за унапредување на процесот во евроинтеграции и оцени дека секоја држава која сака да стане членка на ЕУ треба да ги реши билатералните прашања без тие да влијаат во напорите за реализација на европските интеграции.

-Силно верувам дека проширувањето е можно ако регионот е тесно поврзан со ЕУ преку поврзување на заедничките вредности, демократија. Јакнењето на врските со соседите е неотуѓив дел од нашата стратегија на европските интеграции, рече Гаши.

Според него, напредокот на Албанија, иако покажал предност во однос на Северна Македонија, имајќи ги предвид познатите условувања, сепак, вели, покажува дека ЕУ е сериозна во однос на проширувањето кон Западен Балкан и оти е заинтересирана за стабилен и интегриран регион.

Гаши потсети дека Собранието постојано работи на усвојување на закони и реформи, неопходни за усогласување на законодавството и оти ќе продолжи да биде лојален и непоколеблив партнер за постигнување на оваа стратешка цел.

-Собранието е главната институција во државата и сакајќи да го продолжиме процесот кога сме ги определиле нашите стрaтешки цели, нормално е дека во Парламентот треба да се одвива главната дебата. И јас од првиот ден се залагам за ова и сум на располагање на сите кои ќе помогнат да го движиме Собранието во таа насока. Овој настан е одлична можност за да направиме квалитетна диксусија за нашата заедничка заложба за членство во ЕУ. Денеска додека ќе се дискутира за основните вредности за ЕУ, можеме да видиме одлучност и сериозност на државата да го унапредиме нашиот статус кон ЕУ, рече Гаши.

Потсети дека Северна Македонија како и досега го има усогласено 40 отсто од нејзиното законодавство со тоа на ЕУ.

-Овој напредок е доказ за нашата посветеност да се интегрираме кон ЕУ. Секој закон и реформа придонесува кон ЕУ стандардите, уште многу работа има затоа ние сме посветени на реформоите кои не носат кон ЕУ. Северна Македонија помина долг пат со многу жртви и многу предизвици. Ние сме направиле големи чекори и сме постигнале големи стандарди. Убеден сум дека оваа посветеност ќе се круниса со целото членство на земјава кон ЕУ. Интеграцијата кон Унијата е единствена алтернатива за да обезбедиме развој и одржлив просперитет на државата, дециден е Гаши.

Собранискиот спикер оцени дека како држава сме во временски теснец и оти треба да бидеме премногу умешни да ја најдеме вистинската формула како да постапиме.

-Ако стоиме во место условите се менуваат, во трка сме со времето, но од друга страна, ако дејствувате брзо постои ризик да се најдете на нулта ситуација и навистина е тешко да се најде формулата како да постапиме. После 23 години од Солунскиот самит, се случија многу работи на геополитичката сцена – анексијата на Крим, руската агресија врз Украина и тоа на некој начин редефинираше повеќе процеси и концепти како ќе се движи ЕУ. Сега е повеќе работа на ЕУ како да најде механизам како да не преземе, а не е помалку важно и нашата домашна задача што треба да ја завршиме. Но мислам дека треба да видиме дали со овој пристап да продолжиме понатаму, бидејќи се уште шесте земји од Западен Балкан се се уште надвор. Мислам дека треба да пристапиме кон нов концепт и мислам дека е време за редефинирање на процесот на проширување што треба да биде дебата внатре во ЕУ, заклучи Гаши во обраќањето на Седмата пленарна конференција на НКЕУ-МК, што се одржува во Собранието.

Next Post
Бујар Османи

Османи: Подготвителната седница е продолжување на процесот на укинување на Законот за јазиците

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk