Авион на домашен лет денеска полета од аеродромот во Дамаск што го одбележа функционирањето на објектот за првпат по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал-Асад пред повеќе од една недела.
Комерцијален авион го напушти аеродромот и летна кон северниот сириски град Алепо, пренесува ДПА.
Ал Асад, кој владееше со Сирија повеќе од две децении, ја напушти земјата додека бунтовниците предводени од исламистите напредуваа кон главниот град Дамаск на 8 декември, откако остварија големи територијални придобивки против силите на Ал Асад во молскавична офанзива.
Операциите на аеродромот во Дамаск беа прекинати откако објектот беше ограбен и вандализиран по соборувањето на Ал Асад, изјавија извори од Министерството за транспорт минатата недела. ј