Американскиот глумец Том Круз ја доби највисоката цивилна награда на американската морнарица за „врвни заслуги во промовирањето на морнарицата“, преку филмот „Топ ган“ и други остварувања, објави „Гласот на Америка“.
Секретарот на морнарицата на САД, Карлос дел Торо му го врачи одличјето на холивудскиот актер. Круз (62) рече дека е „горд на ова исклучителното признание“, коешто вклучува медал и сертификат.
Тој, инаку, деновиве работи на снимање филм во Велика Британија, во студиото „Лонгкрос“ близу Лондон.