ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦЕБР: Стапката на БДП на Македонија од 2025 до 2029 година се прогнозира да порасне во просек до 3.6 отсто на годишно ниво

December 27, 2024 18:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Соединетите Американски Држави ќе останат најкрупната економија во светот уште најмалку 15 години, се вели во прогнозата на британскиот Центар за економски и деловни истражувања (ЦЕБР). Извештајот ја класифицира Северна Македонија како земја со повисок-среден приход и прогнозира раст на бруто домашниот производ во наредните пет години.

Оптимистичките прогнози за САД економистите ги поврзуваат со очекуваната реализација на владината програма за трошење насочена кон стимулирање на економскиот раст, како и со фактот дека Кина, втора по големина економија во светот, се соочува со сопствени предизвици кои го забавуваат нејзиниот развој.

Според ЦЕБР, Северна Македонија во 2024 година е со проценет БДП во висина од 26,912 американски долари по жител, прилагодено според паритетот на куповната моќ (ППП). Стапката на БДП на нашата земја се прогнозира од 2025 до 2029 година да порасне во просек до 3.6 отсто на годишно ниво.

– Ова ја класифицира како земја со повисок-среден приход. Економскиот раст во 2023 година, кој изнесуваше 1.0 отсто, се очекува да се забрза на 2.2 отсто во 2024 година, со што економската продукција ќе биде за 5.1 отсто повисока од 2019 година.

Извештајот истакнува дека во 2024 инфлацијата во нашата земја се очекува да изнесува 3.3 отсто, додека стапката на невработеност се смета дека останала речиси непроменета, на ниво од 13 отсто, споредено со лани. Стапката на БДП во следните пет години е прогнозирано да порасне во просек до 3.6 отсто на годишно ниво.

Извештајот ги издвојува Египет, Нигерија и Танзанија меѓу  земјите со најголем растеж на економијата. Тие покажуваат трансформативен потенцијал за раст поттикнат од достапните ресурси во комбинација со таргетирани политички реформи.

Предвиденото континуирано опаѓање на Хаити и Тунис е одраз на влијанието што го има политичката нестабилност, неадекватната инфраструктура и проблемите со управувањето, кои го гушат развојот, се вели во извештајот.

Украина, која во рангирањето на ЦЕБР е на 58-то место меѓу светските економии, се очекува во наредните 15 години значително да ја подобри својата позиција и до 2039 година да стигне до 27-то место, според прогнозите на аналитичарите.

Tags: БДПЦЕБР
Next Post
Уметничка илустрација на соларната сонда Паркер / НАСА

Сондата Паркер на НАСА го преживеа најблиското доближување до Сонцето

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk