ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николоски: За прв пат во историјата на Македонија на време завршуваме еден капитален проект

January 4, 2025 15:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со инвестиција од 107 милиони евра, денеска се пушти во употреба експресниот пат до Куманово (Страцин) – Крива Паланка во должина од 25,5 километри. Нова модерна патна врска која ќе ја забрза комуникацијата кон источниот дел на Македонија. Експресниот пат е дел од меѓународниот коридор 8 кој има значајна улога во развојот на економијата и ќе преставува услов за отворање на нови фабрики, нови работни места и ќе се подобри патната комуникација со овој дел на Македонија, истакна во своето обраќање заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

„Нема поубав начин да се започне Нова година од отворање на еден ваков каитален проект кој ќе остане децении и векови после нас и за тоа честитки на сите, честитки за цела држава и за сите кои што ќе го користат овој пат кој дефинитивно ќе поврзе протокот и комуникацијата меѓу главниот град Скопје и Истокот на Македонија. Патот ќе претставува витална артерија за поврзување со Бугарија и секако очекувам да ја развие економијата од двете страни на експресниот пат да се развиваат нови индустриски капацитети, да се отвораат фабрики, нови работни места и целосно да го заживееме источниот дел на Македонија.

Честити на сите кои што работеа и честитики за успехот.

Како што кажа и директорот Трајановски кога беше избрана Владата се соочивме со многу проблеми, многу нерешени проблеми, заостанати проекти, проекти кои ниту имаа јасна завршница, ниту финансирање, ниту извесност во завршувањето. Благодарение на посветеноста на Владата и морам тука да потенцирам, личната посветеност на премиерот Мицкоски, за што сум многу благодарен, на дневна основа се слушаме и комуницираме за овие проекти.

Претседателе благодарам.

И ова е негова лична заслуга зошто прв пат во историјата на Македонија се заврши еден проект на време. Беше 31.12 ветено, јас и директорот Трајановски на 31 -ви го извоземе прв пат овој пат и пративме информација до премиерот дека патот е готов, а од денеска ќе може да го користите сите. Нека е со среќа, аирлија, да се гледаме за нови работи, најавуваме и нови проекти кои што ќе бидат за брзо отворени, а оваа година ќе почнеме и нови проекти кои што ќе значат развој за Македонија. Ние имеме уникатна локација, низ Македонија се сечат два пан европски коридори, коридор 8 и 10 и треба да ги искористиме, мора државата да стане крстосница, енергетска и транспортна крстосница и на тој наичн да растеме и сите да ја градиме економијата и просперитетот за луѓето да ни остануваат тука.

Нека е арилија и со среќа”- истакна Николоски.

Поврзано:

Од Куманово до Крива Паланка за 40 минути, пуштен експресниот пат Крива Паланка-Страцин

 

 

 

Tags: Александар НиколоскиКуманово (Страцин)-Крива Паланка
Next Post

Модриќ стана највозрасниот голгетер во историјата на Реал

НАЈНОВО

Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Хиларија Болдвин откри: Со Алек одиме на брачно советување поради големата разлика во години

November 14, 2025

Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот; Ѓорѓиевски – завршува периодот на застој и започнува нова фаза на стабилизација и развој

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk