ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Бочварски: Експресниот пат Страцин – Крива Паланка е проект на СДСМ и горди сме што е завршен

January 4, 2025 11:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со гордост ја споделуваме веста за завршување на експресниот пат Страцин – Крива Паланка. Овој проект беше  започнат од СДСМ во 2018 година и над 90% беше веќе реализиран до средината на 2024 година. Станува збор за стратешки проект, стратешка инвестиција која е многу важна за развојот на североисточниот регион и значително ќе придонесе за подобрување на поврзаноста, за економскиот раст и развој, како и за квалитетот на живот на граѓаните на Крива Паланка и околината, изјави пратеникот на СДСМ и поранешен министер за транспорт, Благој Бочварски.

„Да не беа блокадите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ овој пат можеше многу порано да се заврши во текот на 2024 година. За жал и само за свои политички цели пратениците од тогаш опозициската ДПМНЕ го кочеа овој проект како опозиција.  Тогаш во Комисијата за финансирање и буџет ВМРО- ДПМНЕ со месеци го кочеше Предлог на законот за грант вреден 14 милиони евра кој беше потребен за завршување на овој експресен пат. Но, како и да е, денес зборуваме за завршен патен правец и граѓаните од утре ќе може да ги почувствуваат придобивките за стратешките проекти започнати во време на владата на СДСМ.

Во рамки на проектот беше изградбата на двете делници:

-Делница Длобочица – Чатал (Страцин) со должина од 15,5 километри и

– Делницата од Крива Паланка до Длобочица, со должина од 10 км.

Или вкупната должина на експресниот пат е 25,5 километри.

Целиот проект е вреден 94 милиони евра, финансиран преку средства од Светска банка и грантови како дел од нашиот најзначаен Коридорот 8.

Со овој пат жителите од целиот регион ќе можат побрзо и побезбедно да патуваат меѓу Куманово и Крива Паланка, но добиваме модерно патно поврзување по една од најкомплексните делници во нашаѕта држава, во североистокот.

Стариот пат беше со многу свиоци и бавно движење на тешките товарни возила. Добиваме подобра поврзаност Скопје- Софија нешто што ќе влијае на развојот на трговијата, економијата и туризмот.

Конечно, граден по највисоки стандарди преку кој избегнуваме многу црни точки, која наликуваше на делница од 19 век а добиваме безбедност при патувањето за нашите граѓани и за сите учесници во сообраќајот.

Во северноистичниот дел на земјата СДСМ инвестираше многу, особено во делот на инфраструктурата, патиштата и развој на целиот овој регион. И тоа граѓаните од овој крај добро го знаат.

Покрај овој пат, реализирани се и други значајни инфраструктурни проекти, како реконструкцијата на патниот правец Куманово – Страцин, целосна реконструкција и проширување на патот Крива Паланка – Деве Баир, Куманово – Свети Николе како и изградба и реконструкција на мостови како и многу патни правци кон руралните средини.

На крај сакам да се заблагодарам на сите досегашни раководители на државните институции во изминатите 6 години, на сите инженери, вредните градежни работници кои работеа во поволни, но и неповолни временски услови, на сите надзорни инженери и проектанти, без кои денеска немаше да можеме да зборуваме за оваа голема придобивка за граѓаните, но и за подигнување на безбедноста но и конкурентноста на македонската патна инфраструктура“, истакна Бочварски.

Денеска се пушта во употреба експресениот пат Куманово (Страцин) – Крива Паланка на Коридор 8. Изградбата на експресниот пат Крива Паланка – Длабочица – Страцин (Чатал) започна во мај 2018 година и е во должина од 25,55 километри, информираат од Владата. На пуштањето во употреба еприсуствува премиерот Христијан Мицкоски

Од владата посочуваат дека инвестиционата вредност за изградбата е во вкупно вредност од 93,7 милиони евра од кои 80,20 милиони евра се финансира со средства од Светска Банка и грант средства 13,50 милиони евра.

 

Tags: Страцин – Крива Паланка
Next Post

Ги продавам сеќавањата

НАЈНОВО

Скриншот

Стармер врши притисок врз сојузниците за ракети со долг дострел за Украина

October 24, 2025
Скриншот

Израел нападна складишта на Хезболах во Либан, загинаа цивили

October 24, 2025
Скриншот

Најмалку 20 загинати во Индија: Автобус се запали по судир со мотор

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk