ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во 2024 година најмногу пријави за труења со храна и за производи со поминат рок

January 6, 2025 08:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Внатрешниот промет на храна од неживотинско и животинско потекло, од почетокот на 2024 година заклучно со ноември бил покриен со околу 30 000 контроли кај оператори во рамки на редовните, вонредните и реализирани надзори. Како небезбедни се уништени педесеттина тони храна, за отстранување поради утврдени недоследности се издадени околу 2 000 решенија, а изречени се и приближно 300 парични казни.

Анализите на податоците за спроведените надзори во 2024 година, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе ги евалуира во првите месеци од годинава. Тие  ќе ја дадат и точната бројка – колку вкупно контроли спровеле официјалните ветеринари и инспекторите за храна во внатрешниот промет и при увоз.

Како што велат за МИА од АХВ, досега реализираните контроли во внатрешниот промет и при увоз, 117 465, ветуваат дека не само што ќе се достигнат, туку и ќе се надминат спроведените 125 909 контроли во 2023 година на операторите со храна во земјава и на пратки што се увезуваат и транзитираат низ државава.

Во втората половина од 2024 година, Агенцијата за храна и ветеринарство ги интензивираше вонредните инспекциски контроли, ставајќи акцент на контролите кои ги спроведе кај операторите со храна кои работат со ранливите категории граѓани: игротеки, домови за стари лица, кујни во градинки и основни и специјални училишта, пазари за стари работи, но и во угостителски објекти.

– При увоз на храна од неживотинско потекло се реализирани 44 137 инспекциски надзори, а при увоз на производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната, 10 352. Инспекторите за храна на граничните премини како небезбедни, вратиле/уништиле седум пратки со над 74 тони небезбедна храна од неживотинско потекло, истакнуваат од АХВ.

Во однос на здравствената заштита и благосостојбата на животните, нивната идентификација и регистрација, спроведени се над 14 000 инспекциски контроли од страна на официјалните ветеринари. Издадени се 267 решенија за едукација и 136 наредби/забрани за отстранување недостатоци утврдени со контролите.

-Во врска со контролите на официјалните ветеринари на граничните премини при увоз на храна од животинско потекло, добиточна храна и увоз на живи животни, од јануари се спроведени 20 479 надзори од кои 15 431 на пратки за увоз и 5 048 контроли во однос на пратките кои транзитираат низ земјава, напоменуваат од Агенцијата.

Вкупно 14 од пратките биле небезбедни. Вратени се девет, а нештетно се уништени пет пратки од увоз.

– Годинава, во Базата на податоци за вршење вонреден инспекциски надзор на Одделението за заштита на потрошувачите се евидентирани вкупно 317 иницијативи. Најчести наводи во иницијативите остануваат пријавите за неодговорно сопствеништво 36 и за напади и каснувања од куче 14. Што се однесува до храната, примат имаат иницијативите за сомнеж за труење со храна, 13, за производи со поминат рок на употреба, 12, за присуство на контаминенти, 8, како и за нехигиена, 7, информираат од АХВ за МИА.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: ЕПА/МИА

Северна Кореја изврши балистички ракетен тест за време на посетата на Блинкен на Сеул

НАЈНОВО

В недела привремен режим на сообраќај за време на Виз Ер Скопски маратон

October 4, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Јамал надвор од теренот две до три недели поради нова повреда

October 4, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Нема јавна продажба на билети за Србија – Албанија, само контролирана дистрибуција

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk