Фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентанкур, кој загуби свест за време на полуфиналето на англискиот Лига куп синоќа против Ливерпул, се чувствува добро.
Уругваецот од болница упати порака до навивачите.
– Сè добро, момци! Ви благодарам за пораките! „Честитки за победата на мојот тим! – напиша Бентанкур на социјалните мрежи.
Бентанкур колабираше во 8.минута и беше изнесен од теренот на носилки. Подоцна се освести и беше хоспитализиран за дополнителни испитувања.
Тотенхем синоќа во Лондон го победи Ливерпул со 1:0 во првиот натпревар од англискиот Лига куп.
Стрелец на единствениот гол беше 18-годишниот шведски играч за врска Лукас Бергвал во 86. минута. 10 минути претходно, ВАР го поништи голот на Доминик Соланке.
Реваншот ќе се одигра на 6 февруари во Ливерпул.