Марија Корина Мачадо, движечката сила на опозициското движење во Венецуела, беше уапсена од владините безбедносни сили во четвртокот додека го напушташе митингот во Каракас, еден ден пред претседателот Николас Мадуро да планира да ја преземе функцијата за трет мандат.
Опозициската кампања соопшти дека Мачадо била „насилно пресретната“ со пукање додека со мотор го напуштала протестот во Каракас. Неколку моменти подоцна, владините власти на Мадуро ја приведоа, пренесува Вашингтон пост.
Мачадо, „железната дама“ на Венецуела која ја водеше претседателската кампања на опозицијата и нејзините напори да обезбеди докази за победата на изборите на 28 јули, се појави во јавноста за прв пат по неколку месеци во пресрет на инаугурацијата на Мадуро за да ги предводи демонстрантите во отфрлањето на Мадуровото се поавторитарно владеење. Таа застана над морето од луѓе во Каракас додека тие извикуваа: „Не се плашиме!
Мачадо се криеше повеќе од 100 дена, избегнувајќи наредба за нејзино апсење и зборувајќи само виртуелно.
М. Д. / Цивил Медиа