ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Митева: Повикуваме на дијалог со синдикатите, се сомневаме дека зад ваквиот чекор стои политичка позадина

January 14, 2025 15:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролката на Владата, Марија Митева денеска на прес-конференција посочи дека не се исполнети законските услови за протестот што се одржа од страна на Синдикатот на УПОЗ и напомена оти постојат сомнежи дека истиот е политички мотивиран. Таа подвлече дека Владата е партнер на сите и е отворена за сите предлози и сугестии.

-Секој штрајк треба да биде организиран во согласност со Законот за работни односи и колективните договори. Треба да биде најавен согласно Законот, да биде спроведена и постапката за помирување која воедно е задолжителна и да се определат нужни работи кои мора да се вршат. Бидејќи за жал ниту еден од овие постоечки законски услови не е исполнет, говори за незаконитост на штрајкот и отвора силен сомнеж дека овој штрајк е политички мотивиран, рече Митева.

Според Митева, изненадува фактот првиот чекор што го презема УПОЗ наместо дијалогот, кој е прв демократски начин и метод за функционирање.

-За само шест месеци успеавме да постигнеме договор за покачување на платите на вработените во здравството, во образованието, а се покачија и пензиите. Владата обезбеди и додаток на плата и к-15 на сите вработени, рече Митева.

Таа напомена дека има бројни механизми преку кои може да се отворат овие прашања, а воедно тоа е и Економско-социјалниот совет кој го формираше Владата, каде Синдикатот партиципира и требале и можеле да го отворат ова прашање.

-Интересно е што изминативе години овој Синдикат како да молчеше за ова прашање и со жалење мораме да истакнеме дека отворено се сомневаме дека зад ваквиот чекор стои политичка позадина на Синдикатот, кој делува како продолжена рака на партиите кои до сега за жал ги злоупотребуваа правата на работниците. Како Влада гледаме реално на работите и не сме задоволни од нивото на платите во администрацијата, но повторувам дека дијалогот е вистинскиот начин за изнаоѓање на решение, посочи Митева.

На новинарско прашање дали е возможно да се реализира покачување на платите за 30 проценти како што бара Синдикатот, Митева одговори дека секогаш се отворени за дијалог и како Влада ќе пристапат кон изнаоѓање на решение.

-Кажавме дека секогаш сме отворени за дијалог, преку кој како Влада ќе пристапиме кон изнаоѓање на решение. Како Влада дадовме директна и сериозна динамика на работа на тој Економско социјален совет. Имаме еднаш месечно средби, каде што сите засегнати страни можат сите прашања да ги отворат. Морам да потенцирам дека до сега такво нешто немаше отворено на тие средби. Не цениме дека е правилно да се преземе првиот чекор како штрајк, затоа што мислиме дека покажавме изминатите шест месеци дека можеме и знаеме како да водиме дијалози и како да ги реализираме барањата. Повикуваме на дијалог, а не на штрајк, додаде Митева.

Вработени од неколку министерства, Државниот завод за статистика и Државниот архив денеска одржаа предупредувачки протест барајќи потпишување на колективни договори и исплата на 30 проценти додатоци на плата. На протест излегоа вработени од министерствата за животна средина, за дигитална трансформација, за шумарство и водостопанство, за правда, за култура и туризам, за економија и труд и за транспорт.

Протестите, како што е најавено, ќе продолжат секој ден од 11 до 11:30 часот, а во петок од 11 до 12 часот ќе се одржи протест пред Министерството за финансии.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Димитриеска-Кочоска: Економијата е во фокусот, правиме промени кои носат предвидливост и подобри услови за инвестирање

НАЈНОВО

Скриншот

(ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

October 3, 2025

Герасимовски: Имаме 120 хигиеничари кои деноноќно работат заради нефункционалноста на Комунална хигиена

October 3, 2025
Фото: СДСМ

Филипче од Струга: Со конкретни мерки ги штитевме граѓаните во секоја криза, ВМРО-ДПМНЕ ги остави сами

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk