Договорот за заложници и прекин на огнот меѓу Хамас и Израел е постигнат во средата по повеќе од 15 месеци извонредно крвопролевање и насилство во Газа, пбјави во средата американскиот претседател во заминување Џо Бајден.
Имплементацијата на договорот треба да започне во недела, рече катарскиот премиер Абдулрахман бин Џасим Ал Тани на прес-конференција на која го објави договорот во Доха, главниот град на Катар, каде што се водеа интензивни преговори во изминатите неколку недели, пренесува Вашингтон пост.
Договорот, кој бара ратификација со гласање на израелскиот кабинет, следи по интензивниот период на состаноци и повици во изминатите неколку дена, вклучително и од Бајден до лидерите на Израел и посредничките партнери Катар и Египет.
Стив Виткоф, специјалниот пратеник на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, исто така одигра инструментална улога, на состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во текот на викендот за да го изрази интересот на Трамп за постигнување договор пред неговата инаугурација во понеделник.
Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа