Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер го повика населението да покаже поголема почит кон добро интегрираните мигранти, нагласувајќи ја нивната витална улога во општеството.
Во интервју за весникот Рајнише пост објавено денеска, Фезер истакна дека скоро 25 милиони луѓе – околу 30 отсто од германското население – имаат миграциско потекло.
– Тие се составен дел од нашето општество долго време и ја одржуваат нашата земја да работи во многу области – во болниците и домовите за нега, во бизнисите и индустријата, рече Фезер и додаде дека „она што го прават овие луѓе заслужува повеќе почит“.
Социјалдемократката Фезер, исто така, го критикуваше предлогот на Фридрих Мерц, лидерот на централно-десничарскиот блок ЦДУ/ЦСУ и фаворит за следен канцелар на земјата, да им се укине германското државјанство на двојни државјани со кривична пресуда.
Ова ќе создаде поделба меѓу граѓаните од прв и втор ред, рече Фезер.
Таа, исто така, го осуди повикот на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) за „ремиграција“ на мигрантите, што главно се смета за еуфемизам за масовна депортација, нарекувајќи го „нехумано“ и штетно за глобалниот углед на Германија.